Владејачкото мнозинство не дозволи одложување на обврската за камери во возилата на авто школите

од desk3
83 прегледи

Собранието во рамките на денешната работа по дневниот ред на 92-та седница го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, поднесен од пратениците од ДУИ и заклучи дека е неприфатлив.

avtoskoli-protest

Со предлогот, како што информира Талат Џафери од ДУИ, се бараше за една година да се одложи рокот за поставување камери преку кои автошколите ќе ја снимаат обуката и полагањето на возачкиот испит.

Како што посочи, најголем дел од автошколи побарале да се одложи примената на одредбите од Законот врзани со условите што треба да ги исполнуваат авто школите, во делот на видео надзорот во центрите за обука и во возилата.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не поддржаа земјоделците да добиваат гориво со цена 50 % пониска

Претникот Томислав Тунтев од СДСМ рече дека и опозицијата ќе го поддржи ова законско решение, бидејќи, како што рече, не е логично да се снимаат разговорите за време на практичната обука за полагање на возачкиот испит. Не е возможно, додаде, да се чуваат и архивираат толку снимени материјали од теоретскиот и практичниот дел од обуката за возач/МИА