Меркел и Оланд ќе се координираат пред самитот на ЕУ

од Vladimir Zorba
89 прегледи

 

Германската канцеларка Ангела Меркел в петок ќе замине во еднодневна посета на Франција каде што ќе се сретне со својот француски колега Франсоа Оланд, јавува дописникот на МИА од Берлин.меркел 1

На средбата ќе се договараат позициите на двете земји пред средбата на лидерите на членките на Европската унија закажана за 7 март во Брисел, потврди вчера вечер владата во Берлин.

– Канцеларката планира да ја усогласи позицијата на Германија со позицијата на претседателот на Франција пред средбата во Брисел, изјави Штефан Зајберт, портпарол на германската влада.

На самитот во Брисел в понеделник ќе се зборува за односите ЕУ -Турција во врска со бегалската криза и улогата на Турција како прва дестинација на бегалците кон Европа. На самитот се очекува да учсетвува и турскиот премиер Ахмед Давутоглу кој шт не беше дел од последната средба на лидерите на ЕУ поради терористичките напади во неговата земја.