Селин Дион го пушти својот имот за продажба во 2013 година, но не се најде купувач за бараната цена од 73 милиони долари. На почетокот на оваа година цената падна до 62,5 милиони.
Причината за продажба на зградата е дека Селин Дион веќе немала време да ја посетува прекрасната куќа-аквапарк. Обврските во Лас Вегас ѝ го одземаа целосно времето на пејачката, поради што таа ја преселила “станицата за одмор” во градот на коцката.
Неверојатното живеалиште во Флорида, сопственост сè уште на добитничката на награда Греми, личи повеќе на приватно одморалиште отколку на куќа. На имотот почива вила на целото семејство.
Селин Дион потрошила над 80 милиони долари во 2010 година, за да се изгради овој дворец со 18 декари површина, една четвртина од кои се базени, пет згради и многу вегетација. Идејата на проектот била пејачката да престојува таму од време на време и заедно со семејството и блиски да си дава на заслужен одмор.
Имотот е сместен на првата линија на островот Јупитер, на неколку метри од океанот, и се испоставува како совршено место за одмор и празнувања.
За децата има игралишта и огромен базен со мостови и плитки делови во кои ќе се прскаат. Подигната е дури и лизгалница. За возрасните, Селин Дион се погрижила да има тенискорт, летниковци и сепареа за во текот на денот и два малку подлабоки базена за разладување и пливање.
Самиот имот се состои од пет згради, а во централниот дел е најголемата зграда во која се сместени 8 спални, дневни, кујна и санитарни јазли. Трите поголеми куќи во објектот се куќи за гости.
Иако Дион е ѕвезда од светски калибар, ентериерот во куќата е едноставен.Во речиси секоја соба има рамен телевизор и удобен кауч, но нема нешто на што да се воодушевувате.