Состојки:
400 г сирење рикота или урда
5 лажици лимонов сок, свеж
¼ чаша рендан пармезан
1/3 чаша сецкан магдонос
1 лажица маслиново масло
2 лажички изрендана лимонова кора
½ лажичка сол
¼ лажичка црн пипер
500 г тестенини по избор
400 г аспарагус, исечен
8 парчиња сланина, исечена
Подготовка:
Загрејте посолена вода. Откако ќе зоврие ставете ја пастата и варете 8 минути.
Во мал сад измешајте ги рикотата, сокот од лимон, пармезанот, магдоносот, маслиновото масло, сок од кора, солта и црниот пипер. Промешајте и одвојте настрана.
Непосредно пред да е подготвена пастата додадете кон неа аспарагус да се свари за околу 2 минути. Потоа исцедете. Ставете ја пастата со аспарагус во голем сад за сервирање. Кон неа додадете ја смесата со рикотата и парчиња сланина.
Добро измешајте ги сите состојки и сервирајте додека е топло.