Во најголемиот косовски трговски центар од комунистичкото време една продавница се истакнува. Во излог стојат кукли облечени во деловни панталони, здолништа, палта и вечерни фустани, а позади нив фотографија во рамка на Хилари Клинтон со помлада жена. Продавницата се вика „Хилари 2“.
Жената на фотографијата Елда Морина (33) и нејзиниот брат Бесиан (31) помагаат во водењето на бутикот кој е отворен од нивниот татко Феим. Кога семејството Морина ја отвори првата продавница во 2002 година, Феим (69) одлучи дека ќе се вика „Хилари“.
Тој секогаш се восхитувал на модниот вкус кога била прва дама и „сакал исто така, да и се заблагодари на Хилари Клинтон и Америка за се што направиле за нив“.
Бутикот „Хилари“ кој се наоѓа на Булеварот „Бил Клинтон“, ја промени локацијата откако е отворен, но остана на истата улица.
Во бутикот можат да се најдат црвена, темно сини и сини костуми кои ги носела Хилари Клилнтон кога беше прва дама.
„Хилари“ и „Хилари2“ сега се туристички атракции, особено првата продавница, затоа што се наоѓа веднаш покрај статуата на Бил Клинтон која е поставен во 2009 година.