Женската вијагра не делува

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Новата пилула, наречена “женска вијагра”, го нема саканиот ефект и носи многу несакани последици, предупредуваат експертите.4687414

Флибансерина беше одобрен минатата година во САД за лекување на слаба сексуална желба, но една нова студија откри дека придобивките се “ситни”. Според водечкиот автор на студијата д-р Лоус Џасперс жените кои ги земале таблетите почувствувале само лесен задоволувачки ефект, кој е речиси ист како дамите кои примале плацебо.

Но, опасноста од несакани ефекти останува висока. Секоја трета жена чувствува вртоглавица, поспаност, гадење и замор при земањето на “женска вијагра”. Лекот за будење на либидото беше одобрен во САД во 2015 година за жени пред менопауза и намалена сексуална желба.

Недостатокот на желба за интимност влијае помеѓу 10 до 40% од жените, објаснија авторите на студијата од Медицинскиот центар на Универзитетот ЕРАЗМУС во Ротердам, Холандија.