Уникатен дизајн на мебел и софистицирана идеја за уредување на просторот, се суштински поврзани со креациите на дизајнерот Родриго Алмеида. Бразилскиот дух, неконвенционалниот начин на изработка и неформалниот изглед на дизајнерскиот производ се главните мотиви во постигнувањето на уникатноста. Според него, „Се е хибридно и неочигледно“, па затоа и дизајнерските парчиња на мебел пренесуваат порака за постоењето и различностите во светот.
