Станица, изградена на местото каде што беше Светскиот трговски центар во Њујорк и каде беше извршен еден од нападите на 11 септември, ги отвора своите врати.
Проектот се спроведува во текот на 12 години и е најскапиот во светот. При отворањето нема да има формална церемонија на отворањето на железничката станица, која е изградена околу местото на кулите близначки, сега претворени во меморијален центар. Сè уште целата станица не е активна.
Отварањето е предвидено, кога ќе биде целосно завршена, што треба да се случи на почетокот на пролетта. Железничката станица ќе ги поврзува возовите од предградијата, заменувајќи на Њу Џерси и 11 линии на метрото.
Станицата има една централна сала со овална форма и со должина од околу 111 метри наречена Oculus. Во неа има и голем трговски центар со површина од околу 34 000 квадратни метри. Со бутици и локали, но тој ќе се отвори дури во август. Проектот започна да се спроведува во 2004 година и е многу критикуван најмногу поради цената и бавното спроведување. Првично беше проценето дека таа ќе чини 2 милијарди долари. Потоа сепак нејзината цена надмина 3.85 милијарди долари, што ја прави најскапата станица во светот.