УЈП веднаш да ја деблокира сметката на МРТ

од desk3
113 прегледи

Блокирањето на сметката на Македонската радио телевизија од страна на Управата за јавни приходи претставува дрзок упад на владата врз институционалната автономија на јавниот сервис. Блокирањето на сметката е смислен притисок на власта со цел да го дисциплинира јавниот сервис и да влијае на начинот на известување во пресрет на предвремените избори.
Ваквите притисоци треба да го оневозможат јавниот сервис да обезбеди еднакво медиумско претставување на сите учесници во изборниот процес.

znm
Апсурдно е УЈП да глуми финансиска дисциплина и да ја обвинува МРТ за неплаќање на даноците кога самата Управа не е во состојба да ја наплати радиодифузната такса, што е основен извор на финансирање за јавниот сервис. Место да ја блокира сметката на МРТ, УЈП треба да и објасни на јавноста зашто досега не ја исполнува законската обврска и во целост не ја наплати таксата.
Повикот на владата УЈП и МРТ да се спогодат околу наплатата на даноците е чисто лицемерие, кога владините партии не дозволуваат да се постигне решение за стабилно финансирањето на јавниот сервис. Владата со глумење конструктивност не може да ја сокрие одговорноста за лошата финансиска состојба на јавниот сервис.
Бараме УЈП веднаш да ја деблокира сметката на МРТ и сериозно да се заложи за наплата на радиодифузната такса и да се обезбеди нормална работа на јавниот сервис.

Интегрален текст