(ВИДЕО) Денеска три прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ

од desk3
75 прегледи

 

 

Говорник: Даниела Рангелова

Катица Јанева по втор пат е фатена како дава лажен исказ. Нешто што е недозволиво и непоимливо за некој што треба да биде на страна на правдата и професионално и чесно да ја извршува својата функција.

Катица Јанева е дебело платена со неколку илјади евра месечно, пари на граѓаните, за работата која треба да ја врши согласно законот. Затоа Катица Јанева има обврска и кон медиумите и кон граѓаните транспарентно и отчетно да одговара на сите прашања кои се предмет на интерес на јавноста.

Последното прашање коe се отвори во низата околу Катица Jанева е дали таа дала лажен исказ заверен кај нотар под морална и кривична одговорност дека поседува насад со смокви постар од 3 години. Насад кој не постоел согласно законските потреби, а излажала дека постои само за да го земе земјиштето. Oва е скандал сам по себе, и освен што има простор за кривична одговорност, покажува и сериозен дефицит на морален кредибилитет на личност која треба да спроведува правда.

Според пишувањата на медиумите, овој исказ Катица Јанева го дала уште во септември минатата година во обид да добие под закуп 3 парцели државно земјиште. Преку овој исказ Катица Јанева се обидела да ја искористи социјалната мерка со која преку јавен оглас им се доделува земјоделско земјиште на лица чија основна дејност им е земјоделието и од кое обезбедуваат егзистенција за своите семејства.

Г-ѓа Катица Јанева на јавноста и должи одговор дали е точно дека поседува насад на смокви на целата површина за која тврди во дадениот исказ заверен на нотар, а објавен во медиумите?

Дали овој насад со смокви за кој под целосна кривична и морална одговорност тврдите дека е ваш, го имате соодветно пријавено во анкетниот лист кој имате обврска да го доставите до Државната комисија за спречување на корупција?

Како ги коментирате, г-ѓо Јанева, наодите на бирото за вештачење дека исказот кој сте го дале пред нотар е невистинит, односно дека немате соодветни насади на 70% од површината, иако сте тврделе поинаку под морална и кривична одговорност?

Оваа поволност која ја нуди Владата во јавниот оглас е наменета пред се за регистрирани земјоделци, па легитимен е интересот на земјоделците дали Вие сте регистрирани или постоел обид земјиштето да биде земено од страна на некој кој и нема интерес да го обработува за сметка на вистинските земјоделци?

Функционер кој треба чесно и професионално да ги извршува законските овластувања, не смее да остави црни дамки зад себе. Јавноста од вас сеуште очекува да го чуе одговорот и околу барањето за добивање на државен стан. Во тоа барање имате наведено дека немате стан во Скопје, а медиумите објавија дека вие или членови од вашето најблиско семејство поседувате 2 стана во строгиот центар на Скопје и истите ги имате пријавено.

Ваквите дилеми продолжуваат да лебдат. За што и е потребен и трет стан на Катица Јанева, платен од пари на државата?

Што од сето ова досега објавено во јавноста е точно? Време е јавноста да слушне одговори. Граѓаните од своите пари ги плаѓаат вашите високи плати и имаат право да ја дознаат вистината. А според нашите информации има уште многу да се дознава за госпоѓата Јанева и нејзиниот имот и потекло.


Говорник: Зоран Илиоски

Обвинетиот Зоран Заев денеска по кој знае кој пат, повторно го избриша подот со македонските судови, поигрувајќи се со законите и Уставот.

Обвинетиот Зоран Заев денеска повторно успеа да избега и да го одложи судењето во кое требаше да се појави како обвинет за земање поткуп од 100 000 евра кои требале да бидат исплатени во менувачницата на Вицето.

Обвинетиот Зоран Заев и денеска продолжи да ја лаже и манипулира јавноста, обидувајќи се да објасни дека е нормарлно и законски да се бараат по 100 000 евра за Вицето и по 100 000 евра за црквата.

На обвинетиот Зоран Заев и неговиот тим, денеска им текна друга идеја. Неговите адвокати имале приватни обврски и не можеле да дојдат на ова рочиште. Претходно Зоран Заев ги одложуваше рочиштата затоа што средбите со некои амбасадори му биле поважни отколку поканите од македонските судови.

Нема граѓанин во Република Македонија кој може да си дозволи вакво однесување како на обвинетиот Зоран Заев. Секој што добил покана за каков било сообраќаен прекршок ги почитувал судските покани. Секој што добил прекршочна пријава дури и за фрлање на отпушок на улица одговарал на поканите од судот.

Се наметнува прашањето, зошто Зоран Заев е попривилегиран од сите останати во земјава? Кој му дал право на обвинетиот Зоран Заев да ги гази институциите во Република Македонија.

ВМРО ДПМНЕ го осудува ваквото однесување на Зоран Заев и бара институциите да имаат ист третман кон него како и кон сите останати граѓани на Република Македонија.

 

Говорник: Павле Саздов
Едмонд Адеми кој е член на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ лани напиша: “-Дур не се пролее крв по улици, ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува!”.

Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски одлучи овој партиски функционер да го вработи во МВР и да го плати со пари од граѓаните на општа згрозеност и шок во јавноста.

Генералниот секретар на СДСМ, сега и технички министер во МВР мора да одговори дали го вработи Едмонд Адеми за да го спроведува крвавото сценарио поддржано и смислено од СДСМ?

Оливер Спасовски исто така и должи одговор на јавноста дали и колкаво претходно работно искуство има Едмонд Адеми во овие структури? Дали платата на Едмонд Адеми е 60.000 денари и дали Едмонд Адеми поседува безбедносен сертификат за да биде поставен на така висока позиција во која би доаѓал во допир со класифицирани информации?

Случајот со Едмонд Адеми е последниот во низата на груба партизација на Министерството за внатрешни работи, министерство во кое треба да се вработуваат професионални кадри со строги критериуми.

Претходно Спасовски, на истиот начин, без конкурс и без ден работно искуство во полиција, вработи партиски послушници и функционери на СДСМ. Тој на пример ја ангажираше Магдалена Несторовска – Претседател на советничката група на општина Карпош. Тој го ангажираше и Горан Трајановски кој беше Претседател на комисијата за информатика при СДСМ. Владимир Пивоваров во МВР беше донесен од партиската комисија за безбедност при СДСМ, а потоа следеше и наградата за Лазе Велковски лично обезбедување на Радмила Шеќеринска кој што од Агенција за разузнавање беше префрлен во МВР.

Оливер Спасовски сеуште и должи одговор на јавноста и за ангажирањето на неговиот портпарол Тони Ангеловски. Според сознанијата кои ги имаме Тони Ангеловски е вработен спротивно на законот и го нема потребното искуство од најмалку 7 години за да биде поставен на таа функција, началник.

Јавноста исто така беше запознаена и со незаконската смена на началници во МВР, за да се постават други кои се блиски до СДСМ од страна на Оливер Спасовски. Јавноста виде дека Оливер Спасовски нема намера да ги почитува времените мерки кои што ги донесе Управнот суд.

Јавноста го виде системот на кариера кој го спроведува Оливер Спасовски и кога незаконски го унапреди сопругот на неговата колешка Фросина Ременски. Јовче Ременски, на ден пред нова година од самостоен инспектор во ПС Гази Баба беше распореден на позиција генерален советник – инспектор во Кабинет на УБК, што е незаконски скок од 4 нивоа, и представува рушење на системот за кариера кој што беше воспоставен во МВР.

На очиглед на јавноста СДСМ и Оливер Спасовски, преку груба и насилна партизација, со рушење на принципите и системот на ова министерство, се обидуваат МВР да го стават во своја лична и партиска функција за извршување на веќе свои однапред планирани сценарија, а Едмонд Адеми е последниот во низата кој заедно со другите кадри на СДСМ треба да го спроведе ова.

Оливер Спасовски во најбрз можен рок да и одговори на јавноста на овие прашања, бидејќи се работи за ресор кој треба да им нуди безбедност, спокој и мир а граѓаните, а не крвави сценарија и работа за личен тесно-партиски интерес.

Граѓаните на Република Македонија на 5 ти јуни ќе го осудат ваквиот хаос и беззаконие кое го промовира СДСМ!