Поводите за развод можат да се многу. Неосетно меѓу сите проблеми, скандали, недоразбирања, љубовта некако испарила. Во одреден момент едноставно не можете да се сетите зошто сте со овој човек, што сте препознале во него, каде е старото негово “јас”.Според истражувањето спроведено од научници експерти во областа на психологијата од универзитетите во Калифорнија и Вашингтон, најсериозните причини за доаѓање до развод се 4 главни фактори во врската.
Истражувањето опфаќа период од 14 години и научниците се категорични дека ако постои некој од следниве фактори развод неминовно ќе следи во најскоро време:
Презир
Мажот ви се прибира дома од работа, а единственото чувство кое ве обзема кога ќе го видите ее колку не можете да го поднесете. Толку сте почнале да го презирате што не можете да го трпите начинот на кој зборува гестовите, облеката – сè ве дразни и почнувате да се приспособувате.
Презирот, според истражувачите, е силна мешавина од гнев и одвратност, кои имаат навистина експлозивна енергија. Често партнерите дури не можат да изразат со зборови што е она што толку многу ги иритира во другиот. Чувствата обично се комплексни.
Критика
Конструктивната критика е многу важна, дури и корисна во односите помеѓу две лица. Но кога таа се претвори во стил на однесување е деструктивна. Најлошо е кога само едниот партнер постојано упатува критика кон другиот. Тогаш бомбата е темпирана.
Потиснување на партнерот во даден момент не издржа и се доаѓа до пропаст на односите. Критикуваниот исто така не е задоволен од својот партнер. Процесот е двонасочен и во 93% од случаите завршува со развод, сметаат експертите.
Одбранбеност
Во една врска напаѓањето е ретроградно. Природно е кога едниот од партнерите е напаѓачот, другиот да е во дефанзива. Замислете колку би можеле да издржите во слични односи.
Да слушаш обвиненија секојдневно за што ли не воопшто не е пријатно, особено имајќи предвид дека нема безгрешни луѓе. Напаѓачкиот тип луѓе треба да размислуваат за ова прашање, ако сакаат да можат да градат здрави односи.
Одолговлекување
Одолговлекувањето е исто толку честа причина за развод, колку и горенаведената. Замислете ситуација во која жената сака да има дете или пак да биде направена поголем финансиски чекор како купување на дом, а мажот одбива и ги одолговлекува овие чекори.
Неизбежно во даден момент одолговлекувањето да станува причина за пропаст во односите. Човек почнува да гледа излез единствено во разделбата, барајќи друг со кого ќе ги оствари свои соништа.
Слики: iStock