Американски научници го открија најдалечното видливо место од универзумот. Тие ги открија најдалечните од сите познати галаксии во вселената – на 13,4 милијарди светлосни години од Земјата.
Како што соопшти НАСА во четвртокот, оваа галаксија веќе постоела сигурно “само” 400 милиони години по Биг Бенг. “Направивме огромен чекор назад во времето, и поминавме со телескопот” Хабл “многу повеќе од очекуваното”, рече стратегот од Универзитетот Јеил Паскал Оуеш.
“Видовме галаксија која се регистрира како GN-z11, во момент кога возраста на Вселената била само 3% од денешната”. Научниците ја проценуваат возраста на универзумот на 13,8 милијарди години. За најоддалечен од сите познати извори на светлина досега се сметаше објект кој е на растојание 13,2 милијарди светлосни години од Земјата. За да биде пронајдена новата галаксија и да се одреди нејзината позиција, се користат орбиталните телескопи “Хабл” и “Спицер”, како и астрономска опсерваторија “В. М. Кек”, сместена високо во планината Мауна Кеа на Хаваите.
Откако го определуваат степенот на т.н. “црвено поместување” (кое настанува во спектарот на светлината при преминување на гигантски растојанија во вселената, експертите го утврдуваат растојанието помеѓу GN-z11 и нашата планета. Според нив, грешката во пресметката е плус или минус “само “5 милиони светлосни години. Една светлосна година е растојание од светлината во вакуум за една година. еднаква на приближно на околу 9,5 трилиони километри.
GN-z11 е 25 пати помала од Млечниот пат, а вкупната маса на ѕвездите е само 1% од масата на ѕвездите во нашата галаксија. Во исто време таа се наоѓа во фаза на активно формирање на ѕвезди и процесот е околу 20 пати поинтензивен, во споредба со Млечниот пат. Кај нас годишно се запалува по една нова ѕвезда. Според астрофизичарите, токму благодарение на активноста е овозможено отворањето на новата галаксија “едвај не на границата на универзумот”.
“Неверојатно е што толку масивни галаксии постоеле веќе 200-300 милиони години откако се формираа првите ѕвезди”, посочува Гарт Илангуорт од Калифорнискиот универзитет во градот Санта Круз. Со проучување на податоците за галаксијата GN-z11 се занимавале и експерти од Институтот за вселенски телескопи во Балтимор, Мериленд. Вселенскиот телескоп “Хабл” е во орбитата околу Земјата. Тој е создаден како заеднички проект на НАСА и Европската вселенска агенција. Помага за бројни откритија во астрономијата. Орбиталниот телескоп “Спицер” е инфрацрвена вселенска опсерваторија, која работи од 2003 година. Откритието е важно за планираниот од НАСА нов инфрацрвен телескоп (Wide-Field Infrared Survey Telescope – WFIRST), кој ќе биде способен да детектира илјади од најоддалечените од нас галаксии. Тимот ќе објави повеќе во следното издание на Astrophysical Journal.