Неудобни ситуации поврзани со пенисот

од Vladimir Zorba
305 прегледи

За претставниците на посилниот пол пенисот е симбол на гордост или … срам. Како и секој друг дел од човечкото тело, така и тој понекогаш може да се “однесува” чудно, но во повеќето случаи работите кои сте ги забележале во одредени ситуации, не треба да ве загрижуваат. Еве некои од најчестите неудобни ситуации поврзани со пенисот.35356cae82032e3d250be1b590040de4

Пенисот се намалува при контакт со ладна вода
Веројатно сте забележале дека кога ќе влезете во море, река, езеро, каде што водата е ладна или земате леден туш, пенисот ја намалува својата големина. Тоа е нормална реакција на телото при ниски температури.

Како и сите испакнати анатомски делови, пенисот и тестисите се многу чувствителни на температурни промени. Тестисите одржуваат одредена температура за заштита на клетките на спермата.

Нивната реакција при изложеност на ниски температури е да се свиткаат, за да се задржи топлината и да се одржува идеалната температура. Затоа при нивната контракција се намалува и пенисот.

Утринска ерекција
Ова им се случува речиси секое утро на мажите кога се мачат да ја  најдат точната позиција за мокрење, додека се борат со утринската ерекција. Овој вид ерекција се нарекува nocturnal penile tumescence и им се случува на сите здрави мажи, меѓу три и пет пати во една ноќ, кои не страдаат од еректилна дисфункција.

Истражувањата покажуваат дека нивото на тестостерон се зголемува за време на спиењето, а неговите вредности се највисоки во утринските часови.d1514e3a4852f9b39f088f859084f580

Партнерката ми вели дека спермата ми има чуден вкус
Начинот на исхрана и пијалоците кои ги консумирате влијаат врз квалитетот и вкусот на спермата. Семената течност се состои од 96% вода, 2 до 5% сперматозоиди и различни количини фруктоза, витамини, протеини и минерали.
Вкусот на спермата може да се подобри преку регулирање на храната, како и со ограничување на алкохолот и пушењето.

Необјаснета ерекција
Ерекција се случува и на работното место, во службена средба или во ситуација во која мажите не мислат на секс. Повремените ерекции се нормални. Ова е начинот на кој пенисот се вежба.
Пенисот е богато опремен со крвни садови, кои постојано имаат потреба од кислород, за да бидат секогаш во форма за секс. Повремените ерекции се знак дека половите органи добиваат доволно од него, што им овозможува да бидат здрави и силни.46fe1ecd55335a8afffed49a829f4a35

Не можам да го “кренам”
Еден човек може да е сексуално активен, здрав, но понекогаш тешко да достигнува до ерекција. Тоа не смее да биде причина за загриженост, бидејќи не е ниту од стареење, ниту од импотенција. Состојбата се нарекува “ситуациона еректилна дисфункција,” што е предизвикано главно од стрес, психолошки проблеми, секс со нов партнер и други.

Пенисот има чудна форма
Постојат многу различни видови на пениси и е погрешно да мислите дека совршениот е прав и долг. Искривувањето на пенисот во голема мерка зависи од тоа како бил лоциран помеѓу бутовите, кога човек стигнал до полова зрелост, од позицијата на спиење и од евентуални повреди.
Слики: istock