МВР до организаторите на “настаните во Бутел”: Секое кршење на законите повлекува соодветни санкции

од desk3
89 прегледи

mvr-gl.vlez_-675x280

Злоупотребата на етничките и верските симболи што се случува деновиве може да има не само негативни политички и безбедносни импликации, туку и да ги поткопа процесите за фер, слободни и демократски избори. Ги повикуваме сите субјекти да се воздржат од креирање на сценарија со кои се добиваат ефтини политички поени, а на сметка на безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Средба Спасовски – Хојт Ји: Сите субјекти треба да се воздржат од креирање вештачки сценарија

Министерството за внатрешни работи ги следи состојбите и нема да дозволи какви било ескалации или нарушувања на јавниот ред и мир. Воедно, апелираме до организаторите на овие случувања да имаат во предвид дека секое кршење на законите повлекува соодветни санкции.

 

Интегрален текст