Величковски во Гази Баба: Со (контра)протестите, демистифицирани се и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, да не подлегнуваме на видени сценарија

од Vladimir Zorba
98 прегледи

На Собранието на Либералната партија во Гази Баба, претседателот на партијата, Ивон Величковски порача:

 

image-9d71e845f08430a384a9e644a532af90cbb5a87d72e256dcb04a508a7fdef763-V
Ја користам можноста да упатам повик до сите вас и до сите граѓани на Скопје и на Македонија: Овие денови се тестира нашата граѓанска зрелост. Веќе неколку дена партиите на власт се обидуваат да создадат тензии за да го одвлечат вниманието од кризата што ја создадоа и од сопствената одговорност за тоа што направиле во изминатите години. Да не влегуваме во сценаријата на оние кои сакаат да ја заташкаат својата лична одговорност и со хаос да ги затскријат трагите на криминалот.
Како либерали, имаме одговорност не само да повикаме, туку и да дејствуваме во оваа насока. И ние овде присутните, и сите ние и во Скопје и ширум државата да придонесеме кон тоа наместо кон старите поделби, да одиме заеднички кон консолидирана држава и општество. И секако, и ние, и членовите на другите партии, да бидеме одговорни. Да водиме одговорна политика и кон граѓаните, и кон државата, и кон локалните заедници во кои живееме.
Жално е што партиите на власт и нивните функционери сакаат да се зголеми притисокот и да се наруши редот и демократската атмосфера во текот на еден ден во кој православните верници се сеќаваат на свои блиски кои веќе не се меѓу нив.
Со тоа се демистифицираат и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Потсетувам, сите подбуцнувачи на процесот, без оглед на нивните верски, политички, етнички… припадности и позиции – мора да се свесни дека за подбуцнување на нетрпеливоста ќе сносат одговорност пред законот, се вели во соопштението на ЛП