
Советот на Општина Битола ја одобри одлуката со која фирмата „Трансмет“ доби 620.000 евра за тендер со постапка со преговарање без објавување на оглас. Огласот се однесува на изнајмување на машини за чистење на реката Црна, вели Александар Касапов советникот од ЛДП во општина Битола
Како што информираат ЛДП парите во најголем дел ги обезбедила Владата на РМ, а целата постапка ја спровела Општина Новаци. Новаци, Битола и Могила учествувале со по 30.000 евра.