Мајкл Никол е матичен пластичен хурург на неговите две ќерки, кои пак му се подвижна реклама. Имено, Чарм и Британи почнале со корекции уште додека биле деца. Нивниот татко на Чарм и го оперирал носот кога имала само десет години.

Секој втор месец моето лице е на некој третман. Мислам дека ботоксот е многу важен, бидејќи го спречува појавувањето на брчки на моето лице. Исто така добивам ботокс и под пазувите, со што се спречува потењето“ – изјави Чарм за медиумите.
Воопшто не им смета тоа што нивниот татко им ги оперирал градите, т.е. им ставил силикони.
„Некои луѓе ме прашаа, зарем не ти е чудно тоа што татко ти, ти ги видел градите. Воопшто не. Јас сум негова ќерка и тој ме видел гола додека сум била бебе“ – изјави Британи.
На нивната мајка Пени во почетокот не и се допаднало тоа што нејзините ќерки сакаат силни пластични операции, но со време попуштила. Кога девојките почнале да ја посетуваат клиниката на нивниот татко на редовна база, таа била загрижена дека би можеле да станат зависни од пластична хирургија.
„Долго време се борев со нив, но кога видов колку не го сака својот нос, попуштив“.
Доктор Никол тврди дека не ги наговорил ќерките на пластична хирургија.
„Пораснаа опкружени со убавина. Нашите автомобили се совршени, нашата куќа е прекрасна и сите наши пријатели се убави“ – изјави Никол.