СЈО во неколку прилики се покажа дека работи по инструкциите на СДСМ. Ме товарат за нешто што не постои и повторно ќе кажам тоа е една политичка хајка кон луѓе што тие ги утврдиле дека се влијателни во ВМРО-ДПМНЕ, дека треба да ги отстранат, вели поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во своето гостување на ТВ Нова, на само еден ден по интервјуто на неговата колешка, екс-министерката Јанкулоска, за Прес24.
И двајцата се со слични тези, посебно во однос на СЈО, кое ги терети за злосторничко здружување и други кривични дела против изборите.
– СЈО во неколку прилики се покажа дека работи по инструкциите на СДСМ. Еве за потсетување, се сеќавате на еден говор што го имаше господинот Зоран Заев во општина Центар каде што најави дека наредниот период очекува дека ќе има барање за притвор дека ќе има обвинение и така натаму. И за само неколку дена СЈО излезе и го направи точно тоа што го кажа и господинот Заев. Значи СЈО функционира како продолжена рака на СДСМ. Во конкретниот случај пред некој ден во „Слободен печат“, медиум коеј многу близок до опозицијата излегува со став дека во наредниот период случајот „Космос“ ќе биде обработен од СЈО, друг новинар исто така близок до СДСМ очекуваат да има притвор, така да очекувам наредните денови СЈО да излезе на прес-конференција и да побара притвор за определени лица за случајот Космос, така да тие се во една спрега и СЈО работи како продолжена рака на СДСМ се со цел до крај да ја истераат онаа агенда за политичка хајка на членови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Јанакиески.
Тој додава дека прес-конференцијата на СЈО била доста театрална и повеќе била политичка.
– На самата прес-конференција не беа приложени никакви докази, немаше никакви аргументи, ни зошто се поднесува барање за истрага, ниту пак барање за притвор. Во самиот конкретен акт што се однесува за мене немаше ниту еден материјален доказ, ниту пак исказ она што ни го прочитаа од самиот документ, бидејќи за жал се уште нашите адвокати, нашите бранители ги немаат добиено документите од СЈО. Се надевам дека тоа многу скоро ќе го направат, но она што го предочија воопшто не доставија ниту еден материјален доказ, а мене ме товарат како шеф на изборен штаб. Такво нешто не постои ниту правно, значи не постои таков документ дека јас сум бил шеф на изборен штаб, ниту пак во органограмот на ВМРО-ДПМНЕ постои таква функција. Значи ме товарат за нешто што не постои и повторно ќе кажам тоа е една политичка хајка кон луѓе што тие ги утврдиле дека се влијателни во ВМРО-ДПМНЕ, дека треба да ги отстранат, нивната желба претпоставувам е дека ние определен период треба да бидеме во притвор и потоа незнам три, шест, девет месеци доколку има нешто ќе поднесат обвинение, доколку нема ништо ќе речат немаше ништо, извинете сега можете да одите на слобода, но не може да учествувате во кампања, не може да бидете политички активни, едноставно сакаат да нанесат штета на нас лично и исто така и на политичката партија на која ние припаѓаме, вели Јанакиески.
Јанакиески тврди дека воопшто не биле предочени никакви докази.
– Во однос на мерката притвор, се бараше во однос на две основи. Првиот основ беше дека јас можам да уништам материјали. Имено, се работи за избирачкиот материјал, бидејќи тоа беше предочено како доказ, а избирачкиот материјал беше тука до нас, значи ние седевме во една соба, избирачкиот материјал од општина Центар беше тука. Тоа значи дека СЈО се плаши дека јас можам во текот на вечерта да отидам во судот да влезам, да го извадам тој материјал и да го уништам, што нема никаква логика бидејќи судот е добро обезбеден и така натаму, тоа беше првиот аргумент. Вториот аргумент беше дека јас можам да влијаам на сведоци. Тоа јас го кажав и во самата одбрана, тоа го кажаа и моите адвокати дека јас имам дадено исказ уште во месец август бидејќи пријавите од СДСМ претходно беа разгледувани во ОЈО. Во месец август јас дадов изјава и ако сум сакал да влијаам на сведоци сум можел тоа да го направам. Ниту сум влијаел на сведоци ниту планирам да влијаам. Тоа повторно беше една политичка хајка кон членови на ВМРО-ДПМНЕ, односно СЈО ги исполнува желбите на Заев, впрочем она што го кажа Заев на митингот во Центар тоа го направи СЈО, вели Јанакиески.
Коментирајќи го случајот со објектот „Космос“, Јанакиески е упорен дека без разлика дали се работело за отстапување од 1,5 метри, од две метри или три метри, сепак се работело за дивоградба.
– „Космос“ како објект е класична дивоградба и општина Гази Баба надлежна за таков вид на објекти има постапено согласно законот и тоа не го кажувам јас, туку тоа го кажа и Управниот суд. Тоа го потврди и самиот инвеститор, впрочем кога се донесе решението за уривање самиот инвеститор побара измени во тек на градба, односно неговата дозвола за градба да се измени точно за оние отстапувања што ги имаше и со тоа самиот ја призна вината дека при изградба на „Космос“ имаат направено нешто што е спротивно на законот за градење, рече Јанакиески.
Јанакиески вели дека не е точно дека објектот се рушел политички, туку сите правни аспекти во случајот „Космос“ биле согласно законот за градење.
-Во однос на обвинувањата дека сум бил длабоко влезен во градежништво во градба и така натаму, јас одговорно тврдам дека ниту имам градежна компанија, ниту сум се занимавал со градење, тоа се шпекулации се со цел да се нанесе негативно влијание на мојот имиџ, вели Јанакиески.
======================================================
Во продолжение ве потсетуваме на снимките од една од „бомбите“ на СДСМ каде главната улога ја имаше токму Јанакиески.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Коста
МЈ: Добар ден.
К: Ало Миле, Коста на телефон, општински изборен центар. Како си?
МЈ: Добро, Коста?
К: Јас, нешто успеав тука да извадам, едно четири пет избирачи што беа надвор од вреќите…
МЈ: Добро.
К: Така да кога ќе имаш време денес да се видиме, да ти ги дадам.
МЈ: Одма кај мене на работа иди, шо.
К: Кај си ти?
МЈ: Во Министерство за транспорт, зад Собрание.
К: Зад Собрание сте, у на МНР зградата?
МЈ: Да, и уште една работа.
К: Кажи.
МЈ: Може ли бе за овие болните да не обновуваме документацијата?
К: А бе јас би сакал да биде таака, и логиката мене така ми вели. Меѓутоа, насоките на ДИК се такви.
МЈ: Четири-пет избирачки или…?
К: Четири-пет избирачки, да.
МЈ: Не може повеќе, а?
К: Не може. Тие беа надвор, луѓето што беа тука, што собираа, што гледаа од комисијата не беа тука и успеав да ги тргнам на страна, ги ставив во кола…
МЈ: Ги ископира или не?
К: Не, не, него оргиналите.
МЈ: Ајде чао.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Сашо Мијалков
МЈ: Сашо?
СМ: Мхм?
МЈ: Една консултација. Со премиерот нешто у билатерална сала. Една консултација.
СМ: Ааа, добро, кажи.
МЈ: Излегов. Избирчакиот материјал.
СМ: Да.
МЈ: Четири избирачки списоци, дојдов до нив, да видам кој точно гласал кој не. Е сега, избирачкиот материјал е во една просторија кај што имаме клуч.
СМ: Аха.
МЈ: Тие се заврзани во едни црни вреќи, ккако што ми објаснуваа и имаат од оние пластичнине ако ти текнува што се затегнуваат, пластични едни?
СМ: Аха.
МЈ: Има ли од МВР вешт или да појде да види, ако може да ги отвориме без да се сецка?
СМ: Ај кога ќе. Слушај, кога ќе дојдам, да не го збориме ова, пошто сега сум ја у туѓа мрежа. Не знам кој ме слуша, надвор сум ја.
МЈ: Добро ај барај ме.
СМ: Рачунај јас вечер, најкасно до 12-1 сум во Скопје.
МЈ: Барај ме.
СМ: Сега се качувам во авион и се враќам у Скопје.
МЈ: Ајде барај ме, чао.
СМ: Ајде.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Сашо Мијалков
СМ: Миле шо праиш?
МЈ: Добро бе еве у Јагуновце сум нешто, па се враќам назад.
СМ: Кажи ми шо праиме со општинскиве денеска? У колку?
МЈ: Утре ги викав јас. Нема да стигнат денеска. Сите собираат денеска, цел ден има состаноци.
СМ: Епа добро, утре нека биде тогаш ај.
МЈ: Утре, ќе ти пуштиме ние. Слушај што те барав вчера.
СМ: Кажи.
МЈ: Овие што се, избирачкиот материјал е, четири најдовме такви списоци веќе, ќе ги дајме на тие што не изглегле да молиме од врата до врата.
СМ: Мхм.
МЈ: Другите се во црни вреќи. Е сега. Во вреќи се и ставени се во едно депо во Општина Центар. Имаме клуч од таму, ама…
СМ: Од избирачките списоци?
МЈ: Да.
СМ: Па нели го имаме избирачкиот список целиот комплет?
МЈ: Не не не. На тој што е гласано минатата недела. На тој што се потпишуваа.
СМ: Аха.
МЈ: За да знаеме кој излегол кој не излегол. За четири избирачки места го најдовме. Е сега за останатите, во црни вреќи е. Ги знаеш оние пластичните што се затвараат? Кога ќе го тргнеш само се затвара. Како, како наа патент. Пластично е, и со жиг е ставено.
СМ: Добро.
МЈ: Да појде некој, не знам сега дали имата такви луѓе, да го отворат да не се познае дека е отворено?
СМ: Е сега не знам треба да го видиме тој механизам. Мене не ми текнува каков механизмот е тој, ама ај…
МЈ: Абе знаеш како е, како пластично, долго е и само се стега како ортома.
СМ: А, како жица она.
МЈ: Ее така.
СМ: А,знам едно у друго што влага и како жица.
МЈ: Така, е така. Да појди некој од твоиве…
СМ: Па да се стаи ново, што?
МЈ: Ама кај ќе најдеме такво исто?
СМ: А? Па ќе најдеме кој ги става тие?
МЈ: Оти чепат има. ДИК.
СМ: Па од ДИК нека дадат нови и готово, што?
МЈ: Не, ама печат удираат.
СМ: А што ќе ни е тоа, да видиме кој не излегол?
МЈ: Да.
СМ: Па шо ќе напраиме со тоа?
МЈ: Епа на нив ќе одиме посета од врата до врата ќе ојме, ако се наши ќе ги притисниме.
Извор Либертас