Не е доволно теророт на ИД само да се осудува и се прогласува за “неисламски”. Многу муслимани се идентификуваат со џихадистичката идеологија. Крајно време е за фундаментална критика на исламската вера, пишува Хеким Кхатиб за DW.
Т.н.. “Исламска држава” (ИД) не донесе досега ништо друго, освен материјална штета, хаос и секташтво. Со терористичката стратегија џихадистите наследија широки области во источна Сирија, Северен и Централен Ирак. Тие врбуваат луѓе од сите краеви на светот, но најмногу од арапскиот свет. Додека ИД привлекува поддржувачи и симпатизери, сунитските духовници повикуваат на “материјална и морална” поддршка за сириските бунтовници. И илјади странски борци пристигнуваат во Сирија, за да учествуваат во џихадот. Најмногу странски борци пристигнале од Тунис. Нивниот број се проценува на околу 3 000. Борците од Саудиска Арабија се околу 2 500, од Мароко – 1 500, од Русија – околу 800, од Франција – 700. Од Турција и ОАЕ пристигнале по околу 400 џихадисти. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на експертската група “Soufan Group”, спроведено во 2014 година. Во истражувањето не се вклучени Сиријците и Ирачаните, кои одамна се приклучиле на ИД.
Составен дел од општествата
Изгледа дека ИД гони едно многу добро размислена стратегија. Идеологијата на ИД е една од многуте толкувања на двата најважни муслимански текстови – Куранот и Традициите на зборовите и делата на пророкот Мухамед. Фаворизирањето од ИД на салафизмот претпоставува проширување на религиозниот фундаментализам меѓу арапските општества. Мнозинството муслимани сепак не возприемаат слична апокалиптична интерпретација на исламот. Врховниот имам на Универзитетот Ал Азхар Ахмет ал-Тајеб изјави дека екстремистичките групи кои убиваат луѓе во името на ИД, не ги претставуваат сите муслимани, ниту пророкот Мухамед и неговото учење. Нивните презрени дела ја сквернават вистинската порака на исламот. Светското здружение на апсолвентите на Ал Азхар ја осуди организацијата како длабоко неисламска и како дел од злата алијанса против муслиманскиот свет.
Неисламската “Исламска држава”
Во целиот арапски свет медиумите се преплавени со информации, декларации и интерпретации кои ја прогласуваат ИД за антиисламска организација. Познати исламски проповедници од целиот свет ги осудуваат остро активностите на организацијата и го поддржуваат мислењето дека таа нема ништо заедничко со учењето на исламот, а токму напротив, само придонесува за неговото уништување. Кои се тогаш членовите на ИД, откако не се вистински муслимани?
Блумберг: Централните банки до смрт се плашат од дефлација
Сите слогани на џихадистите повикуваат на исламот, исто како и нивните толкувања на верата. На знамето им е напишано: “Нема друг Бог освен Аллах, а Мухамед е неговиот претставник”. Всушност ИД би можела да отвори шанса за едно всушност реформирање на исламската вера, надвор од сите зли теории и обиди за исклучување на оваа терористичка организација од областа на исламот. Повеќето борци во организацијата доаѓаат од муслимански и претежно арапски земји. Тие потекнуваат од исламски општества и заедници, учат од исти верски книги во училиштата и универзитетите. Посетуваат исти џамии и гледаат истите верски пораки, како и остатокот од нивните општества. Тие можат да бидат синови, браќа, татковци, сестрите и мајките на т. Н. умерени муслимани.
Шокантните кадри од злосторствата на приврзаниците на ИД не смее да го отстапува вниманието од суштинскиот проблем, имено, дека исламот има потреба од реформи и обнова. Притоа не станува збор за заштита на исламската вера по секоја цена, туку за безмилосно критика. Затоа и реформиранато на исламот треба да започне порано. Во образовниот сектор, односно уште од основно училиште, во верските книги за деца и во највисоката форма на религиозно учење. Тоа реформирање може да почне од џамиите за време на петочната молитва, која ќе промовира толеранција и мирен соживот. Реформацијата може да тргне и од верските институции во арапскиот свет, ако тие престанат да се мешаат во политиката. Од друга страна, оваа реформација значи и нешто друго. Политичките институции треба да престанат да ја инструментализират религијата и да ги користат верските институции за зачувување на власта.
Повик за реформација
Подемот на ИД треба да ги разбуди муслиманите низ целиот свет. Инаку светот може да биде изведен пред раѓањето на слични на ИД организации во блиска или далечна иднина. Оценување на ИД како неисламска организација е всушност гест на оправдување и нема никаква врска со реалноста. Овој гест ниту го спречува раѓањето на стотици екстремистички организации, ниту пак го подобрува имиџот на исламот и муслиманите.
Ужасниот факт дека ИД наиде на еден арапски конфликт и го инструментализира исламот за политички цели, треба да ги потресе сите кои сеуште веруваат во конгруенцијата меѓу државата и религијата. Ставањето на еднакво рамниште на политиката и религиозната догма може да доведе до уништување на една од двете компоненти. Или политиката ќе доминира и ќе ја уништи религијата, или религијата ќе ја уништи политиката. Во случајот со ИД политиката владее над религијата, но истакнувањето на религијата е на преден план, служи за политичката цел за власт, легитимитет и доминација. Со оваа форма на екстремизам ИД се изолира целосно. Но ништо нема да ја спречи да изврши и геноцид, за да ги победи противниците.
Исламските свештеници треба да застанат во првите редови за реформирање на исламската вера. Надвор од политиката и сите линии на поделба помеѓу “вистинската” и “лажната” вера. А државните политички раководства треба внимателно да го следат овој процес. Не е доволно муслиманите само да ги осудуваат терористичките активности и да ги прогласуваат за “неисламски”. Треба да биде извршена вистинска промена и таа треба да почне веднаш.
————————————————-
Хаким Кхатим е професор по новинарство и интеркултурна комуникација во Универзитетот за применети науки во Фулда и на Универзитетот во Марбург.


