Според „Хафингтон пост“, нема веќе поделба само на хетеро, хомо или би. Веќе се дефинирани 15 нови секс-етикети.

1. Алосексуалец – некој кој искусил сексуална привлечност на начин кој се смета за нормален.
2. Андрогиноромантик – оној кој романтично го привлекуваат двополовци.
3. Асексуалец – човек што го карактеризира недостаток на сексуална привлечност, односно е незаинтересиран за секс.
4. Демисексуалец – оној што може да почувствува сексуална привлечност дури откако со некого длабоко ќе се поврзе.
5. „Сив“ асексуалец – некој кој ќе доживее сексуална привлечност под одредени околности, но нема желба нешто да преземе.
6. Либидо асексуалец – човек кој е асексуален, но сексуално активен.
7. Литоромантичар – оној што ќе почувствува романтична привлечност, но нема потреба или не сака да му биде возвратено.
8. Меносексуалец – кој неодоливо сексуално го привлекуваат жени што имаат менструација.
9. Пансексуалец – некој што сексуално го привлекуваат двата пола.
10. Полиаморус – некој што има необврзувачки интимни врски со луѓе што го привлекуваат.
11. Помосексуалец – човек што не се идентификува со никакви „етикети“, не ги смета за корисни, не се изјаснува за својата сексуална ориентација.
12. Квазиплатоничар – некој што би сакал да биде поблизок со некого од пријателски однос, но тоа не може да се окарактеризира како романтичен однос.
13. Квиромантичар – него го збунуваат границите меѓу пријателство и романтичен однос.
14. Сапиосексуалец – човек што сексуално го привлекуваат интелигентни луѓе.
15. Сколисексуалец – човек што сексуално го привлекуваат трансексуалци.