Протест на порджувачи, активисти и поранешни бранители на Љубе Бошковски пред затворот во Издризово
Бараат директорот на затворот Живко Пејковски да го ослободи Бошкоски од издржувањето казна затвор 90 дена порано, што согласно законот на секој затвореник му следи за добро однесување.

Генералниот секретар на Обединети за Македонија, Раде Милососки, пред насобраните изјави дека притисокот и заканите да не се пушта Љубе Бошкоски, доаѓаат од заменик министерот за правда Биљана Бришковска Бошковска и директорката за извршување санкции Лидија Гавриловска.
Според него тие двете ја спроведуваат наредбата од власта Љубе Бошкоски, и го притискале Пејковски да не го потпишува решението за ослободување на Бошкоски.

