Приватната фирма за стратешки студии Strategic Forecasting, позната уште како Stratfor ( “Стратфор”), објави прогнозите што ќе се случи во светот во наредните 10 години, информира Independent.
Додека меѓународните аналитичари се обидуваат да ги претпостават големите настани за 2016 година, во Stratfor веруваат дека ги препознале главните струи за следната деценија.
Компанијата смета дека светот ќе стане многу опасно место, моќта на САД ќе се намали, а многу други земји ќе доживее хаос и катаклизми.
Русија се урива
“Нема да има немири против Москва, но способноста на Москва да ја контролира Руската Федерација ќе се намали и ќе остави вакум. Одделните парчиња од Федерацијата ќе се она што ќе остане во него. ”
Санкциите, намалувањето на цените на горивата, нестабилноста на рубљата, зголемените воени трошоци и внатрешната поделеност ќе ја ослабат централизацијата во најголемата држава во светот.
Русија нема да се подели официјално, но силата на Москва може да ослаби до степен да има бројни полу-автономни региони, кои дури може да не се разбираат добро меѓусебно.
“Слабо веројатно е Руската Федерација да преживее во оваа форма.”
САД ќе треба да го чува нуклеарното оружје на Русија
Руската нуклеарна инфраструктура е истурена на огромна географска површина. Ако политичкото кинење се случи, тоа би значело дека нуклеарното оружје можат да останат во вакумот.
Поради “грешка во софтверот” Грција не земала податоци на мигрантите!
Битката за контрола на руските нуклеарни оружја ќе е “најголемата битка на следната деценија”, тврдат од Stratfor.
“Вашингтон е единствена сила, способна да се соочи со сличен проблем, но нема да може да наметне таква контрола, кој ќе ги контролира сите воени позиции и ќе осигура дека ниту една ракета нема да биде истрелана.”
Германија ќе има доста проблеми
Економијата на Германија е зависна од извозот и неспорно ја користи либерализацијата на трговијата низ целиот европски континент – со помош на ЕУ и еврото, но тоа значи и дека земјата има најмногу што да загуби од влошувањето на ликвидноста на еврото и зголемениот бран евроскептицизам .
Домашната потрошувачка не може да го надомести падот на германскиот извоз или очекуваното намалување на населението. Резултатот ќе биде стагнација.
“Очекуваме Германија да помине низ сурови економски пресврти во следната деценија”, велат аналитичарите.
Полска ќе стане лидер
Источно од Германија, работите нема да се толку лоши.
“Во центарот на економски раст и зголемено политичко влијание ќе биде Полска”, се вели во извештајот.
Населението на Полска нема да се намали колку во останатите европски економии. Фактот дека најголемата и просперитетна држава во регионот ќе биде на руската западна граница, исто така е основа за земјата да собере повеќе економски и политички престиж и да биде посакуван сојузник.
Ќе има четири Европи
До неодамна на ЕУ се гледаше како на невозможно да биде запрена со сила, без политички и економски бариери меѓу земјите и со исчезнувањето на национализмот и регионализмот во континентална политика.
Но по 10 години тоа ќе е далечно сеќавање. Извештајот тврди дека Европа ќе се подели на 4 – Западна Европа, Источна Европа, Скандинавија и Британските острови. Тие ќе продолжат да делат некои заеднички добра, но далеку нема да се толку блиску поврзани како порано.
“Европската унија може да преживее во извесна смисла, но европските економски, политички и воени врски ќе бидат главно билатерални и во многу малку случаи ќе вклучуваат многу партнери. Некои земји најверојатно ќе продолжат да бидат дел од еден силно модифицирана ЕУ, но тоа нема да ја дефинира општата состојба на континентот. “
Турција и САД треба да бидат блиски сојузници, но и неочекувана причина
Некои арапски земји се во состојба на “слободен пад” и извештајот не предвидува хаосот да престане наскоро. Најмногу бенефиции од тоа ќе има Турција, силна и релативно стабилна земја во регионот која се протега од Црното Море до Сирија и Ирак.
Турција ќе се обидува да избегнува да се меша во конфликтите на границите, но неизбежно ќе треба. Предноста на Анкара пред соседите ќе ја направат важен сојузник во областа.
Но Турција ќе сака нешто во замена – линија на фронтот против агресивна и силна земја од другата страна на Црното Море, која има и воени бази во соседна Ерменија. Турција ќе бара помош од САД за да ги отстрани Москва од задниот двор.
“Турција ќе продолжи да има потреба од САД за политички и воени причини”, пишува во извештајот, “САД ќе се обврзе да учествува во сојуз со Анкара, но не се очекува да биде обврзана да земе директно учество во кампања за зауздување на Русија. САД не очекуваат Турција да сака од нив воена улога во конфликтот и самите тие не сакаат такво нешто. Но сигурно ќе има некоја форма на соработка за спречување на Црното Море “.
Кина ќе се соочи со сериозен проблем
И Кина ќе биде изведена пред тешка деценија со забавувањето на економскиот раст, што ќе доведе до широко незадоволство кон комунистичката партија. Но партијата нема да се либерализира, што значи дека ќе пордолжи да постои и да го контролира населението, единственото нешто што ќе може да направи, е да се зголеми внатрешниот притисок во земја.
Пекинг исто така ќе се соочи со друг, веројатно уште поголем притисок. Економскиот раст на Кина не е распространет рамномерно. Крајбрежните градови напредуваат, но во внатрешноста на земјата има помал пристап до надворешните пазари и е посиромашен. Проблемот само ќе се влошува со континуираната урбанизација.
Како што се наведува во извештајот, регионалните судири се мотор на политички хаос во целата кинеска историја, о, но има “веројатност политиката на Пекинг за пренос на богатства од брегот кон внатрешноста на земјата, да предизвика политички немири”.
Јапонија ќе се претвори во азиската поморска сила
Јапонија може да се гледа како на традиција многу векови наназад, а и како островска држава е зависна од увозот на некои стоки. Кина е во процес на изградба на современа поморска флота и може да стане уште поагресивна во контролирање на пловните патишта во Кинеско Море и Индискиот Океан, од кои Јапонија зависи.
Јапонија нема да има друг избор освен да покаже сила во регионот и да ги заштити правците за испорака. Со намалување на моќта на САД, ќе треба да се справи сама.
“Во моментов се потпира на САД за да обезбеди пристап”, велат прогнозите, “Но имајќи предвид дека американската интервенција во странски конфликти ќе се намали, а и САД не се потпира на увозот, Токио не може да смета особено многу на нив. Затоа и Јапонците ќе вложат во поморските сили во наредните години “.
Островите во Јужното Кинеско Море нема да се причина да се започне војна
Локалните сили ќе одлучат дека споровите за островите во јужно Кинеско Море не се предуслов за воен конфликт, но тоа сигурно ќе е симптом на постигнување на критична маса.
“Битката за неважни острови кои немаат посебна цена на чинење и се енергетски бескорисни, нема да е клучната работа во областа. Побрзо ќе се одигра старата игра меѓу тројца – Русија, една заоѓачка сила, ќе ја изгуби можноста да ги брани поморските интереси. Јапонија и Кина ќе се заинтересирани за распределување на новите територии и нема да дозволат на другата страна да ги добие ”
Опасзна тензија ќе се врати во Источна Азија, дури и да не е резултат на вооружен конфликт во Јужнокинеското и Источнокинеското море.
Ќе има 16 мини-Кини
Кинеската економија ќе се намали и големината на производствената продукција ќе се намали. А тоа всушност е добра вест за неколку други земји. Потребата од работна сила ќе се префрли на 16 други земји во развој, со вкупна популација од 1 милијарда и 150 милиони луѓе.
Додека растот на Кина се забавува и тоа ќе доведе до непредвидливи политички и економски последици за земјата, Мексико, Никарагва, Доминиканска Република, Перу, Етиопија, Уганда, Кенија, Танзанија, Бангладеш, Мјанмар, Шри Ланка, Лаос, Виетнам, Камбоџа, Филипини и Индонезија ќе имаат корист со зголемувањето на потребата од работна сила, што ќе се префрли кон нив.
Моќта на САД ќе се намали
Како што светот ќе станува уште похаотично и непредвидливо место во следните 10 години, одговорот на настаните од САД ќе биде да реагираат разумно на настаните и нема да имаат толку активно лидерство во разрешувањето на светските проблеми.
Растечката економија, внатрешната продукција на енергија, намалувањето на извозот и поставувањето на безбедноста на Американците на главно место ќе ја изолира земјата од светските кризи.
“САД ќе продолжат да бидат главна економска, политичка и воена сила во светот, но тие ќе се помалку ангажирани со надворешните за нив проблеми од порано”, тврдат аналитичарите, “Светот ќе биде многу хаотичен, со замена на режимите во многу региони . Единствената константа ќе е континуираното созревање на силата на САД, сила која ќе е многу помалку видна и која ќе биде користена многу поретко во следната деценија “.
