“Прашањето за членството на Турција во ЕУ мора да биде одвоен од преговорите со Турција за миграциската криза”, изјави шефот на Европскиот парламент Мартин Шулц за време на прес-конференција во Брисел, каде се одржува посебна средба ЕУ – Турција во врска со миграцијата.
“Очигледно е дека има обид да се поврзе со бегалската криза со процесот на пристапување на Турција во ЕУ, но совршено јасно е дека треба да ги одвоиме преговорите за пристапување од кризата со миграцијата”, истакна тој. Раководителогт на ЕП вели дека тоа се два апсолутно различни процеси, при што едниот од нив не треба да биде услов за другиот. “Пристапувањето на Анкара во ЕУ не треба да биде услов за борба против миграцијата”, вели Шулц. Преговорите за пристапување на Турција во ЕУ започнаа во 2005 година, но во текот на 10 години Анкара практично не се доближи до целта. Во декември минатата година земјите отворија 15-та од 35 поглавја. Шулц исто така, потврди дека Турција побарала од ЕУ дополнителни 3 милијарди евра до 2018 година, за да го реши проблемот со бегалците.
Изјавата на Шулц доаѓа минути, откако во печатот истекоа документи од Брисел, во кои се наведува дека ЕУ е подготвена да предложи удвојување на финансиската помош за Анкара. Според лидерот на ЕП барањето е во процес на разгледување.
“ЕП има потреба од дополнителна буџетска процедура за тоа. Ние се трудиме за да го забрзаме процесот “, рече Шулц. Тој истакна дека последниот збор го имаат земјите членки. “Тоа не зависи само од Европскиот парламент, но и од земјите во составот на ЕУ и тоа дали тие се подготвени да вложат уште средства”, објасни тој.
Во ноември минатата година ЕУ одобри 3 милијарди. Евра за Анкара како помош за надминување на бегалската криза. Сепак, до овој момент износот не е доделена поради несогласувањето на некои земји од блокот како на пример Италија. / ТАСС