ЕУ ќе вложи плус уште 3 милијарди евра на Анкара.

Европската унија е подготвена да понуди дополнителна финансиска помош на Турција во висина од 3 милијарди евра за потребите на бегалците од Сирија пред крајот на 2018 година ЕУ е подготвена да ја удвои помошта за Анкара, соопшти Ројтерс, повикувајќи се на проектот за заедничка изјава по самитот во кој се наведуваат предлозите на Брисел за Анкара. Покрај тоа Унијата изразува подготвеност да земе директно од турска територија по еден сириски бегалец во замена за секој депортиран мигрант од грчките острови, кој Анкара се согласила да го прифати.
Пазарење по турски : Влегувањето на Турција во ЕУ не треба да е услов за запирање на бегалците
Покрај тоа Брисел е подготвен уште пред крајот на јуни, пред планираниот рок, да го олесни визниот режим за турските граѓани кои планираат да ги посетат земјите од Шенген зоната. / ТАСС