Фундаменталната разлика во начинот на кој мажите и жените комуницираат може да предизвика сериозен стрес во врската. Клучот за здравите и среќни односи без конфликти лежи во тоа да дознаете кои елементи од вашето однесување може да ппредизвикаат нервоза кај саканиот и како да го избегнете.
1. Постојаната загриженост
Жените се детални, тие планираат далеку во иднината и секогаш нешто не им се допаѓа и ги вознемирува. Мажите од своја страна не мислат многу-многу, не бараат совршенство и преферираат да живеат ден за ден.
Решението: Запрете со премислувањето и грижи за ситни нешта. Ако нешто ви пречи, подобро порано зборувајте со човекот до себе. И покрај разликите во размислувањето, сепак ќе постигнете разбирање и компромис.
2. Прекорување
Дамите се мајсторки во тоа да ја припишуваат вината на спротивниот пол.Тие лесно можат да ги извртат работите и да го прекоруваат за што ли не. Не само што е досадно, но и со времето тоа буквално прераснува големо разочарување на посилниот пол и тој еруптира како вулкан.
Решението: Избегнувајте да прекорувате без врска. Седнете со партнерот и ислушајте ја и неговата гледна точка пред да судите.
3. Игри
Мажите сакаат директен пристап додека понежните половинки постојано играат игри користејќи женски трикови, каприци, ултиматуми, провокации, љубомора, блеф и тн.
Решението: Бидете искрени со вашиот сакан. Обидете се да се ставите за момент на неговото место и ќе ја дознаете конфузијата на вашето однесување.
4. Критики кон својот изглед
Да, тој не е моден гуру како вас, но сепак не е потребно постојано да му посочувате дека нема вкус и отворено да се мешате во неговиот стил и тоа грубо.
Решението: Може деликатно да го промените изгледот со неколку подарока или со насмевка да му кажете дека е многу секси со овие фармерки и блуза. Тоа што е човек, не значи дека треба да бидете брутални во критиката, а и на тој начин само ќе му го повредите егото.
5. Реприза
Жените потсвесно се управувани од своите емоции. Често во афект тие се готови и користат зборови како “секогаш” и “никогаш”, кои ги дразнат мажите.
Решението: Наместо да ставате крај при најмалиот проблем, научете се да го ислушате партнерот и да ставите малку логика во споровите. Паричката има две страни и често по емоционалниот излив сфаќате дека тој не е толку црн и зависник, колку што ви се чинел пред неколку минути. Бидете потрпеливи и разумни.