Украина тестира нов тенк за улични борби

од desk3
79 прегледи

Креаторите на украински “иновативен” тенк “Азовец” најавија почетокот на тестирањето на експерименталната машина, соопшти сајтот на полкот “Азов” од украинската Национална гарда. “Машината навистина е единствена и е формирана, на прво место, за борба во градски услови. Нас тоа ни треба ако имаме намера да се враќаме на Исток “- се вели во пораката.

20160308.uebelurcjm

Тие изразија надеж дека зголемените можности на “Азовец” за уништување на горните катови на зградите ќе го направат ефикасен во борбата.

Експерименталната блиндирана машина има две двојни противвоздушни топови и противтенковски водени проектили, а двата одделни борбени модули ќе имаат преглед на 180 степени. Управувањето најверојатно се базира на надворешните камери и внатрешни дисплеи.

Тенкот поседува “единствена заштита, овозможувајќи да издржи на скоро сите познати муниции за уништување на блиндирана техника”.

Големо прашање со зголемена тежина е колку машини ќе бидат направени и каде ќе бидат употребени во урбани борби – само во Донбас или директно во Русија?

Рускиот заменик-премиер Дмитриј Рогозин ја оцени на Twitter револуционерната борбена машина како “ВПК на Украина иновативно направи нов тенк од контејнери”.