Капетан Марина Турк обучува целосно машки баталјон во град Коломна, Русија, соопштува Ruptly. Таа учи курсисти како да користат противтенковски топови.
Коментирајќи ја професијата, капетан Турк вели дека ова е работа која дава можност да ја покаже својата сила и генерално тоа е различна секој ден. Според неа тоа што е жена, е предност.

Жените имаат клучна улога во целата историја на руската и советската армија. За време на Втората светска војна над 800 000 жени служеле во советските сили.