5 лаги кои е ОК да ги употребуваме во врската

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Искреноста во врската е од огромно значење, но понекогаш треба да кажуваме благородни лаги од една или друга причина. Мотивите можат да се многу. Чувствата и самодовербата на партнерот се едни од најсилните меѓу нив.da4c9ed9790c75d3adad96f27c6996cf

Само понекогаш чесноста не е најдобра политика во односите. Кога е целосно  ќе простиме ако нè излаже нашиот партнер? Еве ги зборовите со кои е целосно дозволено да се скрие вистината од најблиските:

“Во право си!”
Да признаеш дека партнерот ти е во право, за да прекине скандал е целосно прифатливо. Тоа дури и не може да се нарече лага во вистинска смисла на зборот. Тоа е повеќе мировен потег кој е важен за спасување на мирот во врската.

“Изгледаш одлично!”
Ова е вистинскиот одговор, кога сакате да го натерате вашиот партнер да се чувствува добро во својата кожа. Понекогаш човек се гледа себеси со мрачен поглед и е повеќе критичен отколку останатите. Затоа е убаво да слушне оваа бела лага, па дури и да мислите дека не е во најдобра кондиција во овој ден.6d1cba247c83ae452eff095310ae2005
За да му ја спасите самодовербата можете да го поткрепите со овој комплимент, се разбира не и ако изгледа апсурдно лошо.

“Те сакам повеќе од сè!”
Според истражувачите оваа форма на лага се нарекува “измамена љубов” . Утврдено е дека повеќето луѓе изразуваат лажни изливи на љубов барем 3 пати неделно. Тоа не пречи на вистинските чувства да се присутни. Само тие се изразуваат поретко. Всушност “измамената љубов” помага во голема мера за одржување на една врска.

“Добро сум”
Оваа лага обично се искажува како заштитна реакција. Не ви се зборува за даден проблем, мислите дека вашиот партнер нема да ве разбере или се надевате дека ќе погоди сам. Причините за изговор на  оваа лага се многу.42c98e72b7771eba3c5f49abdeadf24a

Експертите ја сметаат оваа лага како метод за смирување и ја нарекуваат “заштитна лага”. Многу луѓе ја користат оваа благородна лага, за да го заштитат својот партнер од стрес и загриженост, бидејќи и онака не може да направи ништо.

” Разбирам ”
Дури и да не разбирате, со оваа манифестација на загриженост вие ќе обележите длабочина на чувствата. Загриженоста за партнерот ве тера однатре да му покажете разбирање, дури и да не сте целосно сигурни во него. Емпатијата е силен мотив за изговарање на благородна лага, која дејствува како мелем за човекот, кој има потреба од неа.
Слики: iStock