Кадиров добил дозвола од Путин да биде “повторно избран” за претседател на Чеченија

од desk3
124 прегледи

Со агресивните изјави Кадиров секогаш успева да привлече медиумско внимание. А сосема патем ги зајакнува и позициите, бидејќи заканите и нападите против опозицијата сигурно му се допаѓаат на Кремљ-пишува DW.

0,,18890908_303,00

“Кадиров сепак нема да си отиде”, напиша рускиот интернет-портал RBC, алудирајќи на одлуката дали Рамзан Кадиров ќе остане претседател на руската автономна Република Чеченија. На крајот на февруари чеченскиот лидер изјави за руската телевизија дека планира да ја заврши својата политичка кариера. Само неколку дена подоцна сепак руската печат напиша дека Кадиров добил дозвола од Путин да биде повторно избран. Односно – Кадиров останува на власт.

“Кремљ има потреба од него”

Овој цик-цак го засили уште повеќе вниманието на медиумите кон чеченскиот лидер, кој и без друго постојано поларизираше со агресивните изјави. На пример неодамна Кадиров објавува на неговиот профил на Инстаграм пост во кој упатува закани против рускиот опозициски политичар Михаил Касјанов. Во постови Касјанов е претставен од перспективата на снајперист, кој цели во него, а коментарот на Кадиров гласи: “Кој не прифатил, сега ќе разбере!” (Види слика подолу). Касјанов е познат критичар на Кремљ и сопартиец на убиениот Борис Немцов. Опозиционерите во Русија поаѓаат од претпоставката дека зад убиството на Немцов стојат токму соработници на Кадиров.

0,,19017397_401,00
Но Кадиров упатува закани не само на социјалните медиуми. На официјалниот сајт на Чеченија тој ги нарекува опозиционерите “непријатели на народот”. А ваквите изјави секогаш предизвикуваат одек во медиумите.

DW: Само Судот може да дозволи меѓународен мониторинг на СЈО

Руски и германски политиколози сметаат дека овие дејства на Кадиров се диктирани од намерна стратегија. “Кадиров е симбол на политиката на Путин. Тој е човекот кој се грижи за стабилноста во Чеченија”, вели рускиот политиколог Дмитриј Орешкин. Ова мислење го дели и германскиот експерт за Русија Ханс-Хенинг Шредер: “Руската влада не може да се лиши од него. Со сомнителни средства, често дури и со насилство, Кадиров се грижи за задушување на секакви резистивни движења во Чеченија”, вели Шредер.
“Ова е ПР кампања”

Рускиот политиколог Паул Сиватенков смета дури дека медиумската хистерија е ПР кампања на самиот Кадиров, која цели да покаже дека тој ќе остане на власт. Уште повеќе што агресивните изјави против опозицијата сигурно му се допаѓаат на Кремљ, објаснува Сиватенков: “Кадиров ги штити интересите на Кремљ. И сан се обидува да посведочи за својата лојалност”, вели рускиот политиколог. Неговиот колега Дмитриј Орешкин пак смета дека Кадиров цели уште нешто: “Тој отсекогаш сакал да биде виден како шеф на Кавказ”.

Изјавите на Кадиров се соочуваат сепак и со отпор. Многумина во Русија и без друго гледаат критички на чеченскиот лидер. “Меѓу руските органи за безбедност односот кон Кадиров е доста негативен. А по убиството на Немцов се понесоа гласини дека меѓу ФСБ и Кадиров има сериозен јаз”, објаснува германскиот експерт Ханс-Хенинг Шредер. Тој ги одредува упатените од Кадиров закани како “неморални и глупави од политичка гледна точка” и вели дека ако германски премиер си дозволи такво нешто, тој веднаш ќе биде отстранет. Но, и покрај сите празнења на Кадиров, Кремљ ќе продолжи да го поддржува и да соработува со него, вели Шредер и ги вика чеченскиот лидер “штитеник на Путин”.