МЗШВ со демант

од desk3
91 прегледи

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги демантира денешните наводи на дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски дека имало злоупотреби на исплата на субвенции на фирмата „Корал“.

DEMANT
За објективно информирање на јавноста ќе посочиме дека Министерството за земјоделство нема обврска да ја следи сопственичката структура на фирмата, туку наша обврска е да ги следиме исполнувањата на обврските од договорот за закуп на државното земјоделско земјиште на правното лице, во случајов фирмата „Корал“.
Правниот субјект „Корал“ субвенциите ги добива на иста сметка и на ист единствен даночен број и врз основа на исполнување на обврските од договорот. Министерството не навлегува во внатрешните промени и сопственичките односи во фирмата за што, според нашите сознанија, се води судски спор.

 

Интегрален текст