Пробив на научниците: Откриени “корените на злото” во мозокот!

од desk3
90 прегледи

Научниците ги открија “корените на злото” во мозокот на човекот. Истражувачите откриле дека одреден дел од мозокот на човекот реагира кога врши малициозни активности, пишува The Telegraph .

20160309.tqcrproibs

научниците сакале да разберат дали формирањето на лошите намери би можело да се набљудува во мозокот пред фактичкиот чин на агресија. Тие откриле дека Хипоталамусот – мозочната област која ја контролира телесната температура, апетитот и сонот, се активира непосредно пред нападот.

Делот од мозокот кој се активира пред агресивно однесување, се нарекува вентролатерален дел од вентромедиалниот хипоталамус. Авторите на студијата од Њујоршкиот универзитет во САД велат дека веројатно може да се откриваат рани предупредувачки сигнали за предумисла за насилство, малтретирање и дури сексуална агресија и да се спречи настанот .

“Истражувањето ги идентификува мозочните кола, одговорни за мотивацијата на агресијата, која се формира кога животните се готват за напад”, вели еден од истражувачите д-р Дају Лин.

Научниците веруваат дека откритието може да доведе до создавање на лекови кои помогнат на луѓето да ги контролираат агресивното однесувања. Сепак, ова е дискутабилно, бидејќи следењето на мозокот и примена на лекови кои спречуваат агресија може да се смета како прекршување на слободната волја.