Тензично во ПЦ Табановце , бегалците најавија штрајкови и блокади

од desk3
114 прегледи

Повеќе од 1400 мигранти кои повеќе од три недели се наоѓаат во ПЦ Табановце се закануваат дека ќе започнат со штрајк со глад , ќе ја блокираат пругата или масовно ќе заминат кон границата-јави Кумановски муабети.

migranti8

Оваа информација за надлежните од Министерството за труд и социјална политика ја потврдил и пријавил некој од бегалците, но за сега страстите помеѓу бегалците се смирени. Иако во текот на вчерашниот ден нетрпеливоста започна да расте по што дошло до мала физичка пресметка помеѓу дел од бегалците, која со интервенција на полициските службеници била прекината, стои во дневниот извештај на Регионалниот центарза управување со кризи.

Во периодот од 14 до 22 часот дошло до прекин на електирчната енергија во кампот проади дефект на електроситрибутивната мрежа, момент кој го искорисител дел од бегалците да избегаат од кампот, односно 22 Авганистанци и 18 Ирачани.

Вчера во кампот присутни биле 1.421 странски државјани.

 

Извор: Кумановски муабети.