Дебата во ЕП: Му ги дадовме клучевите од портите на Европа на султанот Ердоган

од desk3
111 прегледи

Европскиот совет му ги даде на Ердоган клучевите од портата на Европа благодарение на договорот со Анкара за решавање на бегалската криза – така реагираа пратеници од Европскиот парламент, по одлуката од самитот ЕУ-Турција во понеделникот.

erdogan

По напнатите и долеги преговори, стана јасно дека Анкара ќе добие вкупно 6 милијарди евра за бегалците на нејзина територија, и дека ЕУ ќе зема по еден Сириец од турски камп за секој Сириец, кој Турција ќе го прифати назад од Грција. Во замена Анкара ја крена цената и побара брза постапка за членството во ЕУ и побрзо пад на визите за нејзините граѓани.

Зделката најверојатно ќе биде финализирана на нов Европски совет на 17-18 март.

Aко Македонија не ја отвори границата над 15 000 бегалци тргнуваат кон Бугарија!

Водачот на групата на либералите во ЕП и поранешен белгиски премиер Гај Верхофстат изјави пред пратениците дека постигнатиот договор ќе донесе проблеми. “Со овој договор ние всушност му ги дадовме клучевите од портата на Европа на наследникот на Отоманската империја Ердоган.

655-402-migranti-gyrciia-makedoniia

Се осмелувам дури да кажам – на султанот Ердоган “, изјави Верхофстат. Тој додаде дека сега Ердоган ќе одлучува за “влезот” во Европската унија.

“Преговорите за миграцијата не треба да се мешаат со процесот на преговори за пристапување на Турција во ЕУ, кој со години е во застој и кој лидерите на Европскиот совет се согласија да ги интензивираат во согласност со договорот со Турција “, рече водачот на социјалистите Џани Питела.

Во меѓувреме Ангела Меркел се прогласи за заштита на Грција по затворањето на т.н.. Балкански пат за мигрантите – вчера Словенија, Хрватска, Србија и Македонија ги затворија своите граници. Австрија, која презеде таква мерка минатата година, изјави дека нема да го промени својот став.

655-402-migranti-gyrciia-makedoniia (1)
На границата меѓу Грција и Македонија чекаат близу 16 000 луѓе кои се како во стапица. Во исто време грчките власти ќе подделат летоци во кои пишува дека нема надеж за бегалци да продолжат по патот и дека треба да бидат вратени во други логори, во внатрешноста на земјата.

“Ако не успееме да постигнеме договор со Турција, тогаш Грција нема да може да издржи долго на бегалскиот притисок “, рече Меркел пред германско радио. Според германскиот канцелар проблемот не се решава со затворањето на границите.

Стана јасно и дека речиси половина милион илегални мигранти влегле во Грција во последните три месеци од минатата година, мнозинството од кои продолжиле на север преку Балканот. Податоците се на службата за заштита на надворешните граници на ЕУ Фронтекс.

Фронтекс регистрирал 484 000 илегални преминувања на границата за “источно-средиземноморската рута” (од Турција во Грција) во периодот од октомври до крајот на декември 2015 година, како и 466 000 по “Западниот пат”.
Во последниот квартал на минатата година границите на ЕУ биле пресечени илегално од вкупно 978 300 лица, што е рекорден број откако Фронтекс почнал да собира податоци во 2007 година

Одговор дојде и од Турција – Земјата ќе прифати назад “десетици илјади”, а не “милиони” бегалци. Ова го изјави турскиот министер за европски прашања Волкан Бозкир, а според него во рамките на договорот со ЕУ неговата земја нема да ги прифати назад мигрантите кои веќе се наоѓаат на грчките острови.