Среќна вест за Ајфон зависниците- промоција на нови модели на 21март

од desk4
79 прегледи

Apple ќе одржи настан овој месец на којшто треба да бидат претставени нови уреди.

download (40)

Настанот е закажан за 21-ви март, а ќе се одржи во кампусот на Apple во Купертино со почеток од 18:00 часот. Се’ уште нема информација дали настанот ќе може да се гледа во живо покрај на Apple уредите и на Windows 10, како последниот настан од компанијата.

На овој настан за очекува преставување на неколку нови производи, меѓу кои нов iPhone и iPad.

iPhone моделот за којшто можевме да прочитаме повеќе неофицијални информации треба да ја врати помалата категорија за корисниците кои беа и повеќе од задоволни со првите модели. SE треба да биде ознаката којашто ќе биде дел од името, а се очекува да ги има карактеристиките од 6S моделите, со исклучок на 3D Touch технологијата.