НАСА успешно тестираше мотори за патувања во длабокиот Космос

од desk3
68 прегледи

НАСА објави дека го спровела првиот успешен тест на ракетните мотори RS-25. Тие се предвидени за патувања во длабокиот Космос и ќе се користат за човечката експедиција на Марс.

zx450y250_2721252

Вчера сличен мотор работел во текот на 500 секунди. Првата негова употреба ќе биде за новиот систем, кој ќе треба да поведе луѓе до астеориди. Ќе се користат четири такви мотори, кои се развиваат заедно со компанијата AeroJet Rocketdyne.

Досега тестовите беа насочени кон електрониката и управувањето на моторот. Сега претстои развој на нови контролори, кои ќе се користат за следната фаза тестови на моторот во различни работни услови и режими. Покрај тоа НАСА ќе изгради и стенд, на кој ќе можат да се постават четири мотори и да се тестираат истовремено во симулација на идниот прв лет.

“Коммерсант”: Модернизацијата на нуклеарното оружје на САД доби невидени димензии

Тие се базирани во голема мера на моторите, кои се користат за вселенските шатлови. Направени се доработки и оптимизации кои ги прават погодни за уште подолги патувања. Следното пуштање на конкретниот мотор со број 2059 ќе биде кога веќе ќе е прикачен на уредот, кој ќе изведе луѓе на нивната прва мисија во длабокиот Космос од пред повеќе од 45 години.