Берлин: Oбвинувањата на Иванов се несфатливи

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Портпарол на германското Министерство за внатрешни работи денеска ги отфрли обвинувањата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов дека Македонија сакала да размена на податоци со Германија за осомничени џихадисти, но, како што вели „никој не ги сакаше нашите податоци“, јавува Дојче веле на македонски.27802golema-670x377

 

Во интервју за весникот „Билд“ Иванов жестоко ја критикува Германија и вели: „Тие ни рекоа: не можеме да соработуваме со вас, вие сте трета земја, не смееме да разменуваме податоци.“

Иванов за „Билд“: Лицемерие е да и се замерува на Македонија

Според портпарол на Министерството за внатрешни работи во Берлин, кој е цитиран од светските агенции, ваквите обвинувања на Иванов се несфатливи, со оглед на тоа што Македонија разменува податоци преку европските полициски власти (Европол).
Од Берлин денеска доаѓа реакција и околу тврдењето на македонскиот претседател дека Македонија досега од Европа не добила пари за бегалската криза. „Веќе плаќаме за грешките на ЕУ, веќе потрошивме 25 милиони евра пари на нашите даночни обврзници, и прогласивме кризна состојба. А што добивме од Европа? Ништо! Ниту еден цент!“, изјави Иванов за „Билд“.

Портпаролот на германската влада Штефен Зајберт (на фотографијата) тврди дека Германија со голем ангажман работи на стабилизирање на западнобалканските држави. Според него, само за Македонија ЕУ за периодот од 2014 до 2020 година става на располагање 664 милиони евра. Освен тоа, Македонија од ЕУ има добиено 52 милиони евра за згрижување на бегалците, вели Зајберт.

 Брисел го демантира Иванов

Во интервјуто на македонскиот претседател за „Билд“ тој обвинува и дека Грција добива пари од Унијата, но не прави ништо за да помогне во бегалската криза. На прашањето: што ќе се случува во Грција, доколку Македонија ја затвори границата, Иванов одговара:

„Тоа прашајте ги Грците! Сега ќе добијат уште 700 милиони евра од ЕУ, тие добиваат сѐ што сакаат. Проблемот е само што со тие пари не прават ништо! Зошто нема ‘жешки точки’ и кампови? Можам да разберам дека на Европа ѝ е сеедно. Но нема да дозволам сега уште да бидеме прогласувани за виновни за грешките на други! ЕУ веќе не смее да ја обвинува Македонија. Ние водиме сметка за себе“.