Трката за Белата куќа станува жестока. Наместо да го слушаат говорот на кандидатот Доналд Трамп, негови симпатизери и противници се степаа.
Немирите се случија во студентска спортска сала во Чикаго, каде што требаше да се одржи говорот на Трамп, кој беше одложен, соопшти СНН (CNN).
Според различни извори, кандидатот за претседател на Републиканците одлучил да го прекине настапот, откако на местото се појавиле демонстранти, а полицијата го посоветувала да не излегува на трибината:
https://youtu.be/1ysu2_veP8g
“Не сакам никој да настрада. Донесовме правилна одлука, иако слободата н
а говорот беше ограничена “, изјави Трамп.
На местото имало меѓу 8500 и 10.000 луѓе, а дел од нив скандирале поддршка на друг кандидат за претседател – Берни Сандерс.
Во претходните слични случаи Трамп сам провоцираше немири, потсетуваат американските медиуми.
Во еден од случаите тој ги нарече мексиканските имигранти во САД силувачи.
Самиот тој не престанува да провоцира и на социјалните мрежи, а само пред еден ден покажа графика на “Твитер”, од која се гледаат резултати од дебата, во кои тој води пред останатите кандидати за претседател.