Добро место за да станеш сведок на бавното распаѓање на светскиот “ред” по Втората светска војна е Советот за безбедност на ОН – ако ве пуштат таму, нешто што нема да го направат. Не се досадувајте со возвишените “јавни” седници на органот. Ништо од неговите вистински дипломатски работи не се случуваат јавно.

Во одраз на состојбата на светот, Советот за безбедност, кој е преполн со одржувањето на меѓународниот мир, е презафатен од било кога. Пред неколку години Советот заседаваше по неколку часа еден или два пати неделно. Сега седниците се секој ден, често во текот на ноќта, исто и во викендите. Пренатрупаните дипломати разговараат за една се подолга врвулица од кризи – од Северна Кореја до Либија. Долгата листа на седници и комисии можеби ја демонстрира енергичноста на Советот како одговор на бројните фактори зад модерниот конфликт, но тој исто така го одразува неуспехот на Советот: тој не користи дипломатија, за да види дека несигурноста се шири.
Руски оружен шеф проговори за тајната програма “4202”
Следува семиотиката. Ако пред време се ограничуваа до стегнати, насочени решенија (како барањата за повлекување на Израел од окупираните палестински територии), резолуциите на Советот стануваа се подолги и помалку разбирливи. Советот создал пет или шест (никој не може да каже со сигурност) различни категории на своите јавни изјави. А треба да е една. Шефови на мисии на ОН ми велат дека не можат да ги разберат конфузните мандати што Советот веќе ги дал на своите мировници. Владите кои сум ги советувал, велат дека немаат поим за значењето на резолуции кои ги засегаат. Постојат многу причини за неспособноста на ОН да ја прекине катастрофалната војна во Сирија, но не е доволно да биде обвинувана само Русија, како што имаат тенденција да го прават западните дипломати.

Вистината е дека примарната светска институција за справување со војната не работи. Главниот проблем е дека премисата за создавање на советот од еден свет уреден по држави, веќе не издржа. Конфликтите со учество на “Ал Шабаб” Боко Харам или “Исламска држава” потекнуваат од специфичните локални услови, но често имаат регионален и глобален дофат и последици. Создаден за да спречува и арбитрира меѓудржавни конфликти, Советот не успеа да се адаптира кон еден сосема поинаков свет. На 12 септември 2001 година, кога бев дел од британската делегација, се приклучив кон останатите шокирани дипломати во салата на Советот, за да ги осудиме нападите од претходниот ден.
Долго пред овој ужасен ден во Њујорк и Вашингтон карактерот на политичкото насилство и глобална несигурност веќе беа сменети засекогаш. Но арогантната претпоставка на Советот дека владите решаваат, а останатите трчаат, не беше променета. Неуспехот на владите и нивните мултилатерални институции е еп. Она што тогаш изгледаше како епизодна и географски ограничена закана, сега се претвори во постојана војна, несигурност и екстремистичко насилство врз речиси секој континент. За жал, повеќето од дебатите за реформата во ОН го пропуштаат најважно.
Дискусијата се врти околу старите прашања за нови постојани членки на Советот за безбедност или ограничувања на употребата на вето. И двете се пожелни, но ниту едно од нив нема да се случи наскоро – ниту пак ќе го поправи длабокиот проблем. Ако не сме внимателни, ОН ќе вчезе во ирелевантност, како Лигата на народите што пропадна во своето време. Оваа година ќе биде назначен наследникот на Бан Ки Мун. Потребен ни е тврд и независен генерален секретар, кој ќе дава непристрасни и конкретни препораки до Советот, без страв или зависност кон предрасудите на членовите со постојано право на вето од “П5”, и со една главна привилегија: заштита на цивилниот живот.
При еден познат пример, шефот на мировниците на ОН пропушти да го предупреди Советот за безбедност за претстојниот геноцид во Руанда, бидејќи беше убеден дека членовите не сакаат да го чујат. Еден независен генерален секретар одамна ќе бараше прекин на огнот во војната во Сирија со јасно артикулирани последици, вклучувајќи принудни санкции за оние кои не го почитуваат. На ист начин ќе постапеше и за една меѓународна конференција за преговарање и исполнување на распоред за решението со две држави за Израел / Палестина, барање, одобрено неколку наврати од Советот и секоја земја-членка на ОН.
Генералниот секретар би ја имал потреба од слобода за назначување на силен, искусен тим, врз основа на квалитетот, а не на традиционалното делење на високи позиции меѓу П5, практика која ја институционализираше нивната нездрава превласт не само во рамките на Советот, но и во Секретаријатот и на информациите што ги пренесува на Советот.
Функционери признаваат дека некои извештаи на ОН се променуваат од постојаните членови, пред да бидат пренесени на Советот за безбедност (самиот јас сум го правел еднаш). Има табу прашања , како Чеченија или тензиите во Јужното Кинеско Море, кои се надвор од агендата на Советот, бидејќи “се знае”, но никогаш јавно не се признава дека некои моќни држави го забрануваат нивното разгледување. Во последните години станува збор за конфронтацијата во Кашмир, која го донесе светот поблиску до нуклеарна војна, сеуште споменувањето на оваа жешка точка е тивко забрането. Истрагите на ОН за нејзиниот неуспех за спречување на масакрите во Руанда, Сребреница и Шри Ланка забележуваат последователни слабости, како политички, така и институционални.
Но никој не треба да биде сигурен дека ваквите трагедии ќе бидат компетентно разгледувани во иднина. Потребата од храбар и решителен нов генерален секретар е буквално прашање на живот и смрт, во реалноста на многу смртни случаи. И покрај тврдењата дека сега Советот за безбедност одржува јавни седници многу повеќе од кога и да било, поголемиот дел од неговите суштински разговори се одржуваат “во четири очи”. Поминав четири и пол години во Советот и никогаш не сум видел друга причина повеќето дебати да се одржуваат зад затворени за јавноста, освен за да ја прикријат својата површноста и празнина (иако понекогаш разговорите насамо може да помогнат на преговорите).
Преносот на телевизија на парламентите е подобрена демократијата. Дипломатите треба да бидат оценувани врз она што тие го велат: слаба форма на отчетност, но подобрување на општото нејзино отсуство денес. Транспарентноста во дипломатските односи на ОН би ги направила последователните одлуки повеќе разбирливи и на тој начин легитимни. Јавноста ќе биде посветена, на пример, кога Советот ќе разгледува обезбедување на помош на опколените градови во Сирија. Луѓето ќе можат да почнат да се грижат за она што се случува во рамките на ОН.
И, конечно, има една едноставна реформа на Советот, која може да биде факт уште утре. Советот може да ги слуша луѓето и земјите погодени од конфликтот. Кога Советот ги разгледува Сирија, Либија или Сомалија можеме да претпоставиме дека Сиријците, Либијци или Сомалијци нема да присуствуваат. Неоправдано е дека без оглед на фактот дека скоро сите во неговата агенда влијаат на конфликти меѓу “недржавни” групи, Советот за безбедност сеуште дозволува само држави да земаат учество, па дури и тоа не е сосема вообичаено, кога тие не се членови на советот . Во ретки случаи, Советот обезбедува аудиенција на недржавни групи – но само на оние кои го одобрува.
Треба да е рутински легитимно и репрезентативни лица да ги достават своите ставови пред Советот да одлучува за својата иднина. На крајот на краиштата, тие ги познаваат своите земји – и конфликти – најдобро. Дипломатите треба да се користат за да се занимаваат со еклектични групи кои треба да бидат убедени за да има мир. Прекинот на конфликт бара повеќе заинтересирани страни на едно место. Овој вид на работа бара трпение; таа веќе се практикува од најдобрите посредници и дипломати. Тие разбираат дека понекогаш незгодни коалиции и повторувачки циклуси на зборување (и слушање) е поверојатно да остварат мир од договорни парчиња хартија, кои речиси никој не ги чита. Овие подобрувања не бараат промена на Повелбата на ОН. Тие веќе се наведени во неа. Има премногу почит кон децениите остарени и допотопни традиции во ОН; неколку решителни и храбри дипломати можат да направат овие промени да се случат. Затрупани од нови форми на конфликти, светот надвор од неговите мрачни камери инсистира ОН да дозволи во одреден степен позната светлина. / БГНЕС
………………..
Автор на објавениот во “Гардијан” коментар е Кеирн Рос. Тој бил 15 година британски дипломат пред да си поднесе оставка поради војната во Ирак. Сега раководи невладина организација за дипломатски совети што консултира демократски влади и политички движења.

