Пролетните и есенските поплави стануваат речиси секојдневие во Република Македонија. Штетите предизвикани во земјоделството, сточарството, приватниот имот, индустријата и инфраструктурата се огромни.
Со цел да се одбегнат штетите кои директно удираат по грбот на граѓаните и буџетот, сметаме дека за една сериозна држава крајно време е да се преземат сериозни и системски мерки во интерес на иднината на Република Македонија.
Инсистираме политичките партии, кои планираат да учествуваат на следните предвремени парламентарни избори, да почнат веднаш со планирање, имплементирање и реализирање на проект за регулација на сите водени токови на Република Македонија, вклучувајки ги и пречистителните станици.
Свесни сме за сериозноста од реализацијата на еден ваков проект и со таа цел се ставаме на располагање да помогнеме во неговата идна реализација.
Трифун Костовски
Претседател на Здружението ЧОВЕКОТ ПРЕД СÈ
Интегрален текст
