Турската агенција ИНА објави фотографија од наводната терористка – самоубиец Сехер Чагли Демир која го извела терористичкиот напад во Анкара.

Според информациите на медиумот, таа студирала туризам и хотелиерство и била новинарка – соработник во весникот Џумхурјет, од градот Баликсеир, во Западна Турција.Турската полицијата денеска во близина на сириската граница привела четири лица осомничени за поврзаност со бомбашкиот напад изведен во центарот на Анкара, јавија локалните медиуми.
Во вчерашниот бомбашки напад во турскиот главен град загинаа најмалку 37 лица, а над 125 се повредени. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а турскиот премиер Давутоглу одговорноста ја лоцираше во курдските бунтовници.
https://youtu.be/3sDkNWmD2Gs