Еден варварски обичај уште е жив

од desk3
75 прегледи

 

Во некои делови на Ирак и денес е жив еден варварски обичај: младите девојки меѓу четири и седум години се обрежуваат, бидејќи така заповеда традицијата. Токму најмногу жртвите често се и најревносните во нејзиното одржување-пишува DW.

0,,19087240_303,00
30-годишната Расул ги повикува жените во селото да се соберат пред џамијата. Преку звучник вели дека ќе се зборува на здравствени теми. Таа се обидува да ги убеди локалните жени да не ги подложуваат ќерките на обрежување, при што се отстрануваат целосно или делумно надворешни полови органи. Расул зборува за тешките последици и појаснува дека обрежувањето може да доведе до тешки инфекции и неплодност.

“Ќе беше убаво некој своевремено да беше да ја убедил мајка ми да не ме обрезува”, вели Расул. Нејзината судбина е типична за многу други. Обрежувањето на жените е широко распространето меѓу Курдите во Ирак. Резултатите од различни анкети покажуваат дека меѓу 41 и 73 проценти од жените се обрезани. Обично тоа се случувало, кога биле на возраст меѓу четири и седум години. Во последните години, сепак се случуваат и некои позитивни промени. Истражувањата на германската Организација за развој WADI за која работи Расул, покажуваат дека се помалку жени се обрежуваат, а во некои области на земјата традицијата е веќе речиси напуштена.

Брејвик со нацистички поздрав ја тужи Норвешка за нечовечко однесување

Податоците од извештајот на УНИЦЕФ покажуваат дека во ирачките провинции Ербил и Сулејманија се обрезани над половина од жените меѓу 15 и 49 години. 20 проценти од жените во етнички хетерогени провинција Киркук биле подложени на обрежување, додека во провинцијата Дохук – само два проценти. Според податоците на УНИЦЕФ, во јужен Ирак воопшто не се практикува женското обрежување.

Зошто дел од Курдите сеуште го следат овој варварски обичај? Во село Еди Кислар може да се чуе дел од објаснувањето. Возрасен маж вели дека според локалната традиција, необрезанието жена нема право да сервира јадење и пиење на семејството, бидејќи тие станувале “Харам” / забранети /. Расул, која се бори против оваа традиција, сепак контрира со аргументот дека ниту една од жените и ќерките на пророкот Мухамед не била обрезана. “Исламот е прекрасна религија и слични обичаи немаат место во него”, вели таа.

Обрежувањето на жените всушност е забрането

Многу имами сепак гледаат поинаку на работите. Иако регионалната курдска влада во 2011 година го забрани со закон обрежувањето на жените, многу верски водачи продолжуваат да држат на оваа крвава традиција. Неговата ефикасност е оставена во рацете на жените – на мајките и бабите, како и на акушерките кои заработуваат подобро од болната постапка.

0,,19087237_401,00
“Најтешко можат да бидат одбиени постарите жени”, вели Расул. Понекогаш тие ги искористуваат стравувањата на жените, за да ги обесхрабрат: “Повеќето мажи велат дека сакаат втора жена, бидејќи првата, која е обрезана, немала желба за секс. Затоа мажите често бараат необрезани арапски и сириски жени”, објаснува таа на насобраните пред џамијата жени. Најголемата нејзиното оружје е дружељубивоста со која се однесува дури кон оние кои заработуваат од ритуалот на обрежување – како на пример 67-годишната Азиме Пирдавад – поранешна акушерка, која своевремено обиколувала по селата, за да обрезува девојки. Вели дека обрежала барем 5 000 девојчиња и уште си го чувала за спомен стариот жилет. “Таа е вистински месар”, вели Расул за неа.

Сепак таа трпеливо објаснува на акушерките дека во Куранот нема ниту збор за потребата од обрежување на жените. “Сум погрешила ли тогаш, откако сум обрежувала жени”, прашува акушерка. “Не, едноставно не си го знаела”, ја смирува Расул. Референците на Куранот изгледа ја убедија повозрасната жена. “Имам две внуки. Нив нема да ги обрезам”, вели таа под аплауз на присутните. Расул е радосна што освоила уште една битка. Таа самата долго била трауматизирани од болната и понижувачка манипулација. “Во некои денови плаче по целиот пат до дома”, признава таа.