Ова беше голем срам

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Овој цитат од говорот на Сарачини беше упатен кон начинот на кој полицијата вечерва го запре протестот на граѓанската иницијатива АЈДЕ и здружената опозиција пред Уставен, односно пред зградата на новиот театар. И Сарачини беше во право! Сите го почувствувавме тоа како срам. Тоа „сите“,  беше импресивна бројка граѓани собрани да го поддржат граѓанскиот протест против бесчестието на Уставниот суд.
frckoski

Но, кон кого да ги упатиме критиките за лошата организација на протестот, за измалтретираните граѓани кои прошетаа долг, неразбирлив круг низ центарот на градот за да добијат слаба претстава на крајот и да си одат дома, по пат назад отворено негодувајќи за исходот?

Според мое мислење критиката треба да ја прими опозицијата и нивниот министер за внатрешни работи.

Прво тој и никој друг е виновен зошто овозможи узурпација на најавениот протест пред Уставен суд од страна на узурпаторите со ненајавен протест на исто место на одржување – што е отворено кршење на законот и слободата на протестот.

Тоа го кажа и Зоран Заев, но беше нејасно кон кого ја упатува критиката  за таквото кршење на законот, кон својот министер или кон некој друг.

Добро, јасно ни е е дека министерот или раководството на опозицијата утврдило, веројатно со право, дека узурпацијата на вмровските клонови со контра-протестот е провокација, пред сè упатена до МВР да интервенира и да ги отстранува, па потоа тие да се жалат дека, еве МВР ги отстранува нив, а и овозможува на опозицијата да протестира, или да се слушат инциденти па да биде обвинет за тоа МВР и министерот Спасовски.
Но што со тоа?
Дали министерот сака да биде Министер за внатрешни и да остане балерина, чист, неизвалкан и по цена да го крши законот? И по цена да ги понижува граѓаните кои се опозиционо ориентирани и целиот граѓански сектор кој учествуваше на протестот.CdnBZKjWIAEf-ML1

Кон кого и зошто беа насочени енормното обезбедување на хермелини и специјална полиција? Кон оваа цивилизирана група на опозициони симпатизери и граѓански активисти.
Тоа беше ужасно грда слика!

Никој не посакуваше инциденти и немири, ниту такви ќе се случеа. Но несфатливото, самодеструктивното, Фројд би рекол „анално“ чувство на вина кај опозицијата: нешто да не поремети, да не испровоцира, ги тера да „газат по јајца“ и е насочено кон понижување на своето членство  до граница на мазохизам. Посебно ме нервира резонирањето на дежурните политиканти и демек „умерени шупци“ за тоа дека не сме смееле да дадеме повод за провокации, дека имало уфрлени провокатори на ДПМНЕ кои ќе предизвикале инцидент или дека од инцидентите и судирот на граѓаните ќе профитирал само Груевски – и слични срања кои сме се наслушале кај сите опозициони „анални“ самосуспензии, а кои никогаш не се оствариле како прогноза до сега. Но, служеле како повод за мудрувуња и самопонижување на сите јавни опозициони собири.
Потоа, како по правило, ги слушнавме и класичните „бранковистички самосуспензии“ кажани во словенска антитеза: Дали сакаме, иако можеме, да се судриме со полицијата и го пробиеме кордонот?
Па сами си одговараат „Нееее, не сакаме, зошто ние сме одговорни демократи“
…. И потоа што? Си одиме дома (без сендвичи). Во последниов случај никој не одговори на потенцијалното прашање: Да се судриме со која полиција, која ја води кој министер и сл.?

полиц
Заради тоа чувство на горчина од лошата претстава беше уште потешко!

Но како би можело да биде се подобро организирано , а сепак да недојде до нималку насилство ? Дека тоа е можно ке покажам , но за тоа е потребно малку повеке знаење , самопочитување на сопственото членство и храброст .

МВР не мораше да ги растерува нелегалните протестанти на ДПМНЕ пред Уставен. Протест е дозволен, во демократска земја и кога не е најавен. Иако овој беше на исто место со претходно најавениот.

Но сетики, ако не ги растерува, МВР мораше со кордон полиција да ги изолира тие протестанти, а не да ги третира како странски туристи,  а силата да се насочи кон легалниот протест. Кордон пред клоновите на ДПМНЕ и уште еден кордон на десет метри, не повеќе, кон легалните протестанти на кои ќе им дозволеше без поговор доаѓање до Пајко-плоштадот кај Уставен, на само 10-тина метри од контра-протестите. Никој не се сомнева дека и двете групи, иако бројно различни, немаа намера за судир ниту за тоа имаше енергија. Ќе имаше друга енергија кај легалните протестанти, да ги одржат своите говори во директни дофрлања и вербален судир со вмровските клонови. Ако летнеше некое јајце или парола, големо чудо.
Па ние се искршивме од мавање со јајца на 24 декември па никому ништо. И тоа беа мирни протести.

Што е овој страв, што е оваа стигма?  Тоа ќе беше сосема нова енергија која граѓанската иницијатива ја заслужуваше и посакуваше. Тоа ќе беше демократија, не ова.
Ние заслуживме да го почуствуваме од блиску „воњот“ на вмровците – преплашени  мизерии, донесени по наредба на газдите. Тоа ќе имаше енергија, а  не заслуживме да не изманипулира стравот и неоснованите обзири на нашите организатори.

Ако нешто ме израдува во целава случка беше бројноста и пристојноста на насобраниот свет .

 

Љубомир Д. Фрчкоски

16.03.2016