Фатени: изманици, дрвокрадец, илeгални комарџии, нарко-дилери, злоупотребувачи на сл. положба…

од desk3
96 прегледи

policija-skopje-15781

НК за КР Кичево поднесе кривична пријава против Ј.Ј. (40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „лажно претставување“ и „фалсификување исправа“.Во текот на месец мај 2015 година, пријавениот на лицето И.С. од Кичево лажно му се претставил дека е од Регулаторна комисија-Скопје и дека за паричен износ од 7.500 евра можел да издејствува да му биде вратена одземената лиценца за вршење енергетска дејност-трговија со сурова нафта и нафтени деривати. За таа услуга И.С. во повеќе наврати на рака му дал околу 7.100 евра, а на трансакциона сметка му уплатил 22.000 денари. Во истиот период пријавениот на оштетениот му врачил фотокопија од лажна одлука заверена со лажен потпис од претседателот на Комисијата за енергетика на Р.Македонија со која се одобрува понатамошно користење на одземената лиценца на правниот субјект, како и две лажни каса прими со фалсификуван печат од РКЕ-Скопје за наводно извршена уплата од правниот субјект на буџетот на Р. Македонија.

Отишол да купува возило, му ставиле пиштол на главата…

НК за КР Македонски Брод поднесе кривична пријавапротив Љ.И.(50) од с.Дебреште, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 21.02.2016 година полициски службеници на м.в. „Загреби“, атар на с.Крапа Општина Македонски Брод, го затекнале пријавениот како управува трактор на кој имало натоварено 1,41 метри кубни огревни дрва за кои не поседувал документација.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.М. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот на 22.01.2016 година склучил договор за наем на патничко возило „Шкода Рапид“ со правен од Битола за период до 25.01.2016 година. Истиот не го вратил возилотово наведениот рок, а неколку дена подоцна се јавил телефонски од Германија и го известил управителот на фирмата дека бил пресретнат од непознати лица кои му го одзеле патничкото возило. Со тоа пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 520.000 денари.
НК за КР Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.П. (34) и Д.Г. (47), двајцата од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“. На 31.10.2013 година првопријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист побарал од второпријавениот да му обезбеди невистинити документи со кои би се потврдило дека тој е вработен во приватна фирма. Подготвените документи првопријавениот лично ги предал во банка во Кавадарци со што аплицирал за добивање на кредит во висина од 120.000 денари. Кредитот му бил одобрен, го подигнал и си го поделиле двајцата пријавени.

НК за КР Кавадарци поднесе кривична пријава против М.В. (46) од Скопје, управител на ДУТП „Велком Трејд“ ДООЕЛ Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 2012 до 2015 година, пријавениот во својство на управител на ДУТП „Велком Трејд“ ДООЕЛ Кавадарци, паричните средства што фирмата ги прибирала по основ на наплата на комунална такса при регистрација на моторни возила, согласно законот за комунални такси, ги книжел во својата книговодствена евиденција но не ги уплаќал на Општина Кавдарци. На тој начин пријавениот го оштетил буџетот на Општина Кавадарци за износ од 5.770.478 денари.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.М. (25) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно без дозвола од надлежен орган“. На 02.02.2016 година, полициски службеници во содејство со Управата за јавни приходи извршиле контрола во објект без фирма во с. Долно Палчиште, во кој во текот на 2016 година пријавениот организирал и приредувал игри на среќа без дозвола од надлежен орган.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Д. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 26.01.2016 година полициски службеници извршиле претрес во домот и другите простории на пријавениот во с. Романовце при што е пронајдено едно стебло од растението канабис.

НК за КР Гевгелија поднесе кривична пријава против В.А. (43) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 12.01.2016 година, во 21.30 часот во с. Стојаково полициски службеници извршиле преглед над пријавената при што пронашле 1,22 грама наркотична дрога марихуана.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.И. (24) и седумнаесетгодишник, двајцата од с.Градашорци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Првопријавениот со помош од второпријавениот успеал, со лажно преставување, да одземе миксета(сопственост на музичарот Б.С.) од угостителски објект сопственост на К.Р. Истиот од телефон на малолетникот се јавил кај сопственикот на објектот и лажно се претставил дека е лицето Б.С. и го известил дека ќе прати дете да ја земе миксетата. Со тоа оштетениот бил доведен во заблуда дека миксетата ја бара сопственикот, музичарот Б.С. После тоа пријавениот ја продал миксетата на друг музичар во Штип, кој не бил запознаен дека потекнува од кривично дело. Двајцата пријавени во разговор со полициски службеници го признале делото.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против лицето М.Т. (36) од с.Подмол, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“. На 24.02.2016 година околу 21.30 часот во с.Сачево, пријавениот со багер вршел работни задачи – чистење на одводен „ моноспитовски канал“ и притоа оштетил необележан локален оптички кабел со 24 влакна, поставен помеѓу Струмица и Муртино, сопственост на „Македонски телеком“. Наредниот ден одговорно лице од „Македонски телеком“ го пријавило настанот, по што било стапено во контакт со пријавениот , кој потврдил дека критичното време со багер го оштетил оптичкиот кабел.