Воената операција на Русија во Сирија, која траеше 167 дена, ја чинела на Москва околу 38 милијарди рубљи (540 милиони долари). Ова го покажуваат податоците објавени од “РБК Дејли”.
Главниот дел од трошоците – околу 33,7 милијарди рубљи – биле за одржување и летовите на борбените авиони. Од почетокот на воената кампања бројот на полетувања бил над 8600, објавија од руското Министерство за одбрана. Во летовите се вклучиле најновите ловци Су-35, а исто така универзални бомбардери Су-34 и Су-24, како и бомбардерите Су-25.
https://youtu.be/HgvfqMJWpGg
На второ место се трошоците поврзани со истрелување на ракети “калибар”. За време на кампањата се остварени 48 истрелувања, цената на секој еден од нив е до 50 милиони рубљи / по курсот на денот на лансирањето /. Значи вкупната сума е околу 2,4 милијарди рубљи.
Конечно треба да бидат земени предвид трошоците за надомест на роднините на загинатите, како и загубите за уништената борбена техника.
За време на операцијата руската армија загубила 3-ца војници – пилотот на соборениот од Турција Су-24, маринец по бомбардирањето на хелокоптер во Сирија и воен советник при минофрлачки напад врз центарот за обука на сириската армија.
Роднините на секој еден од нив добиле по 3 милиони рубљи. Цената на уништениот бомбардер Су-24 и хеликоптерот Ми-8 е соодветно на 390 милиони и 1,1 милијарди рубљи.
Паника во САД! 28% од Американците подготвени да емигрираат, ако Трамп стане претседател
Кон овие суми треба да бидат додадени и транспортните трошоци кои приближно се проценуваат на 1 милијарда рубли.
“Тоа се приближни бројки, но се согласувам со нив”, изјави РБК директорот на Центарот за анализа на стратегиите и технологијата Руслан Пухов.
Во исто време портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека оценките на властите не се совпаѓаат со пресметките на РБК.
Според западни извори цената на кампањата во Сирија била помеѓу 4 и 8 милиони долари на ден или меѓу 0,7 и 1,3 милијарди долари како целина. За споредба, воздушните напади на САД против “Исламска држава” во Сирија и Ирак чинат во просек 11,5 милиони долари на ден или вкупно 6,7 милијарди долари од 8 август 2014 година, според податоците на американското Министерство за одбрана.
На 15 март Русија започна делумно повлекување на своите војници и техника од Сирија. Претседателот Владимир Путин изјави дека војниците ги исполниле поставените пред нив задачи. При тоа дел од борбената техника и војници ќе останат во руските бази во Сирија, што ќе им овозможи оперативно да се вратат кон активни борбени дејства во овој регион, ако тоа биде потребно.
![]()
Висок извор од западноевропските разузнавање смета дека баш и не била исполнета замислата на Русија за цената на нејзиното воено учество во Сирија, пишува rbc.ru. Според изворот, во рок од неколку месеци сириската владина армија требало да одржи брза воена кампања и да ја врати контролата врз територијата на земјата со помош на руските воздушни удари.Поконкретно, требало да биде заземен градот Алепо, да се ослабне умерената опозиција до ниво, при што САД ќе се откаже да ја одржува. Така американската коалиција практично требало да се соедини со руската и да се насочат сите против “Исламска држава”.
Се појавиле к фактори кои го пробиле овој ефтин план. На прво место, неочекувано силен останал отпорот на единиците на умерената сириска опозиција, се појавија проблеми со Турција и заострување на ситуацијата во Северна Сирија. Кон тоа се додава и зајакнувањето на иранското воено влијание.
За неуспехот на блиц-војната има и чисто економска причина – останувањето на цените на нафтата на нивоа под 40 долари за барел, што ја лишува Москва од финансиски ресурси за продолжување на воените операции.