Николовски: Интервентен откуп на оризот

од desk3
112 прегледи

 

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска оствари средба со земјоделци од здружението „Бело злато“  од Кочани кои вчера протестираа за ниската откупна цена на белиот ориз и оризовата арпа. Нивниот револт е поради непочитување на договорената цена од 25 денари за арпа и 50 денари за бел ориз.

oriz

Како што истакнаа оризопроиводителите тие бараат од Министерството за земјоделство да преземе мерки за надминување на катастрофалната состојба со откупот со оглед на тешката финансиска состојба во која се наоѓаат. Без пари од последната реколта тие не можат да инвестираат во новата сезона која за две недели треба да започне со подготовка на сеидбата.

Николовски  на ова нивно барање одговори дека државата, односно МЗШВ може да помогне преку интервентен откуп на оризот, согласно законот за земјоделство и рурален развој. На предлог на министерот, владата може да донесе  одлука за ваква мерка со што најдиретно ќе се помогне на земјоделците.

Оризопроизводителите доставија и писмено барање до Министерот за земјоделство Михаил Цветков во кое бараат да бидат примени во спротивно најавуваат радикализирање на протестите се со цел да се најде решение за нивниот проблем. Се работи за 5000 земјоделски семејства од кои најголемиот  дел, основна егзистенција обезбедуваат токму од производството на ориз.