Контрадемонстрантите предводени од ГРОМ и ВМРО-ДПМНЕ кои од вчера ги блокираа сите влезови кои водат до Уставниот суд велат дека дошле на протест за да го бранат Уставниот суд, но повеќето од нив не знаат дека со нивното присуство ја бранат одлуката да се помилуваат педофили.

На прашањето дали знаат дека со измените на законот, за кои „АЈДЕ“ вчера протестираше, а поради кои збунетите граѓани беа поставени наводно да го бранат Уставниот суд, ќе може да се помилуваат луѓе кои вршеле изборни измами, педофили и други кои извршиле тешки кривични дела, тие велат дека се против такви одлуки.
Според нив, демонстрантите од „АЈДЕ“ настапиле многу агресивно, што ги натерало нив да го чуваат Уставниот суд.
– Не верувам дека овој суд ги штити тие кои допринеле зло на народот, не верувам дека педофилите ги штити. Судот бил секогаш реален и мислам дека такво нешто нема да помине кај нив, вели Драгица Ангелковска од Петровец.
https://youtu.be/PRAAFd3SZ48
извор: а1он.мк