Социјалната мрежа “Инстаграм” најави воведување на нов алгоритам за формирање на личен news feed.
Компанијата најави дека новите пораки ќе бидат прикажани врз основа на параметри на корисникот и неговиот однос со лицата кои постираат слики или видео. “Ќе се изненадите дека луѓето не се заинтересирани и пропуштаат во просек 70% од содржината во профилите. Имајќи го предвид растот, Инстаграм потешко успева да ги пронајде сите слики и видеа кои корисниците ги споделуваат. Тоа значи дека често нема да видите слика или видео што всушност ве интересира многу повеќе “, објави компанијата.
Сличен алгоритам веќе се користи во социјалната мрежа “Фејсбук”. Новиот систем за селекција на вести ќе биде воведен во следните месеци. Досега мрежата користеше обратен хронолошки редослед, за да се покажува новите надградби. Повеќе од 400 милиони корисници ширум светот користат “Инстаграм”.