„Затоплување наместо горење” (Heat -hot-Burn) е новата технологија поврзана со производите од тутун, која може да го промени начинот на пушење, тврди аналитичарот на тутунската индустрија Бони Херцог, директор за тутун, пијалаци и истражување на малопродажни објекти во Wells Fargo Securities, во текстот што е објавен на CSNews.
Херцог, повикувајќи се на 10-годишната анализа на потенцијалот на платформата iQOS на Philip Morris International, односно технологијата каде тутунот се затоплува но не согорува, вели дека има вистински потенцијал да го смени начинот на пушење и да ја револуционизира глобалната тутунска индустрија во услови на различни ставови кон ризикот од пушење и регулаторните ограничувања во поглед на употребата на цигари.
– Анализата открива дека iQOS би можел да преземе околу 30 отсто од индустријата на цигарите во развиените пазари до 2025 година, ќе ја зголеми преваленцијата кон пушење и ќе ја зголеми премиумизацијата на целосниот пазар. Дополнително, iQOS ќе го зголеми комбинираниот раст на профитот од цигари и производи со намален ризик во следната деценија за 400 поени, до 12,5 отсто годишна стапка на раст за Филип Морис, како и 260 поени и 9 отстотна годишна стапка за Алтриа, изјави Херцог.
Според Херцог, iQOS обезбедува конкурентна предност и за Филип Морис и за Алтриа Груп, имајќи ја предвид „супериорната технологија, предноста што е прв на пазарот со комерцијализација и клинички студии, како и можноста за напредок на брендот Марлборо на глобално ниво”.
– iQOS е позитивен катализатор за двете компании и им дава конкурентна предност. Платформата може да биде катализатор и да придонесе кон подобра соработка меѓу јавното здравство и тутунската индустрија, додаде таа, посочувајќи ги клиничките докази на Филип Морис, собрани досега, кои сугерираат дека iQOS претставува „златен стандард”.
Кон крајот на 2013 година, Алтриа и Филип Морис најавија стратешка рамка за комерцијализација на производите со намален ризик од пушење и електронските цигари. Рамката беше проширена минатото лето, со што се опфатија и заеднички истражувања, развој, како и договор за споделување на технологија.
– Веруваме дека iQOS го има потенцијалот да воспостави нова јавна етика и диспозиција кон пушењето, усогласувајќи го Филип Морис со новите трендови за поздрав живот, подобрување на здравствените траектории на пушачите и начинот на кој тие се гледаат себеси како пушачи, ефективно редефинирајќи го пушачкото искутво, што не треба да биде потценето. Стратешката рамка на Филип Морис со Алтриа ќе ги комерцијализира тутунските производи со намален ризик и електронските цигари, што очигледно е позитивно и за двете компании, објасни Херцог./МИА
