ФРОДЕМ поднесе иницијатива до Уставниот суд за поведување постапка за оценување на Уставноста на одредени одредби од актуелниот деловник на Уставниот суд.
Со оваа иницијатива, како што стои во соопштението, ФРОДЕМ бара поништување на одредби од деловник на Уставниот суд кои се во директна спротивност со Уставот на Македонија, односно на постапката за заштита на слободите и правата, постапка за решавање на судир на надлежности и постапката за одземање на имунитетот и за утврдување на трајно загубување на способноста за вршење на функцијата на судија на Уставниот суд.