СДСМ: Колкав е стравот кај Груевски покажуваат нарачаните лажни анкети

од desk3
90 прегледи

Колкав е стравот кај Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ покажуваат нарачаните, лажни анкети на нивниот партиски институт „Павел Шатев“ којшто глуми дека спроведува некакво јавно истражување.

315725-sdsm-se-raspagja

Преку изборни грабежи, закани, уцени, злоупотреби на институциите, во изминатите изборни циклуси Никола Груевски ја узурпираше власта.

Срамната одлука на Уставниот суд е најголемо признание за изборниот грабеж.

Не само што Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги краделе парите на граѓаните, го краделе и нивниот глас.

Груевски се плаши од реалноста и од соочување со одговорноста.

Ниту една измислена анкета нема да го спаси Никола Груевски од пораз и одговорност за целокупниот криминал и корупција во изминатите 10 години.

Оттука е паниката кај Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ којашто не можат да ја сокријат со ниедна нарачана, измислена анкета.